| четврток, 6 декември 2018 |

Нов расистички испад на американската полиција- вежбале пукање врз афроамериканци

foto celiНов расистички истап на американската полиција ги потресува САД.

На полициското стрелиште во Мајами, САД, наместо цели, полицајците вежбале пукање во фотографии на афроамериканци. Целите со фотографии на приведени афроамериканци случајно ги пронашле лица од американската армија.

Стрелиштето е на градот Медли, но го изнајмува на полицијата да вежба гаѓање со огнено оружје. Полицајците пак сами си носат цели.

Шефот на полицијата на Мајами признал дека неговите полицајци морале да одберат поинакви цели и признава дека згрешиле, но остро негира дека има каков било расистички аспект.

Тој го бранел изборот на целите, кажувајќи дека цел со човечки лик е најдобра за вежбање, и дека им помага на снајперистите во препознавање. Сепак, нема одговор зошто се користени фотографии само на афроамериканци.

Дел од препознаените лица на фотографиите најавуваат тужби.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top