| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсен кинескиот „шеф на шпионите„

china corruptionЕден од највисоките претставници на кинеското разузнавање беше уапсен поради „тешки нарушувања на дисциплината“, израз што во Кина се користи за случаите за корупција.

Ма Џиан, заменик-шеф на Министерството за државна безбедност, кое го нарекуваат „кинеско КГБ“, беше сметан за влијателен човек во моќните кинески служби за шпионажа и контрашпионажа.

Централната комиција за дисциплиниарна инспекција соопшти дека тој е обвинет за „тешки нарушувања на дисциплината“.

Неговите задолженија вклучувале координирање на борбата против дисидентите врз основа на разузнавачките податоци, собирани во Кина и во странство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top