| четврток, 6 декември 2018 |

Вашингтон против муслиманските протести

1111САД ги осудија синоќа повремено насилните протести на илјадници луѓе во некои земји со муслиманско мнозинство против новите карикатури на пророкот Мухамед во францускиот сатиричен весник „Шарли ебдо“.

Откако три лица се повредени во судир со полицијата пред францускиот конзулат во Карачи, Вашингтон го истакна „универзалното“ право на печатот слободно да објавува каков било вид информација, вклучувајќи и карикатури.

Во градот Зиндер, во Нигер, демонстрантите ја уништиле влезната врата на Францускиот кулутурен центар и запалиле кафетерија, библиотека и канцелариите на оваа установа, а исто така запалиле и три цркви.

– Апелираме на сите да не прибегнуваат кон насилство, да бидат возржани и да го почитуваат владеењето на законот, изјави портпаролот на Стејт департментот Џефри Ратке.

Во најновиот број на „Шарли ебдо“ на насловната страница е карикатура на пророкот Мухамед, кој под насловот „Се е простено“, држи натпис „Јас сум Шарли“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top