Слабата и ситна жена во зелена јакна и со црвен шал околу вратот, која секогаш стои пред влезот на Македонската телевизија, веќе едвај ја препознаваат и вработените во зградата. Одминувајќи ја секој ден, малкумина забележуваат дека тоа е Гордана Ивановска или накусо Горде, жената што четириесет години се грижела за шминката и за изгледот на вработените во Телевизијата, пишува „Вест“.
Од омилената и единствена шминкерка исти останале само крупните светлозелени очи, кои сега откриваат болка на бездомник.
– Кој ќе поверуваше дека Горде, шминкерката што ги разубави лицата на сите славни и неславни личности во државата, на крај ќе заврши на улица – рече таа сама за себе, сеќавајќи се на својот живот порано.
Горде се обиде во две реченици да ја објасни трагедијата низ која поминува последните четири години.
– Останав без стан оти инвеститорот, кој ми беше многу близок пријател, ми ги зеде парите и никогаш не изгради друг стан, и сега живеам низ ходниците на Телевизијата – рече таа.
Број за помош – 071 – 628 -868
За целиот текст кликнете тука.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



