Осуммесечната Елена Атанасовска од Тетово родена на 1 јуни 2014 година боледува од тешка срцева мана, кај неа докторите недодамна ја дијагностицираа болеста Тетралогија Фалот за што е потребен итен операционен зафат, најдоцна до март годинава.
Операцијата треба да се изврши во националната болница во Софија, Република Бугарија, каде постои софистицирана техничка опрема и доктори специјалисти за вакви хирушки зафати.
За операцијата потребни се 14 000 евра, пари кои семејствотото Атанасовски не може да ги обезбеди.
Семејството апелира хуманите луѓе да помогнат да се соберат потребни финансиски средства за операцијата, преку уплата на пари на жиро сметката на Тутунска Банка на име Елена Атанасовска и мобилните оператори ОНЕ и ВИП каде за секој телефонски повик ќе се донира 100 денари.
075 143 450 е телефонскиот број за донација од операторот ОНЕ
077 143 771 е телефонскиот број за донација од операторот ВИП
210 – 7000006201 – 60 е бројот на жиро сметка на тутунска банка за донација на име Елена Атанасовска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст