Двасетидевет годишната Едурне Гарсија со песната „Аманесер“ ќе ја претставува својата земја на овогодинешниот избор за песна на „Евровизија“. Русокосата Шпанка е во врска со голманот на Манчестер Јунајтед Давид де Геа веќе четири години, а тој е навистина горд што таа за првпат ќе се појави на европкиот фестивал.
Овој мај во Виена ќе се одржи јубилејното 60. издание на „Евровизија“, а боите на Македонија ќе ги брани Даниел Кајмакоски, кој токму во Австрија го поминал поголемиот дел од животот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.