Студенти, ученици, наставници и професори, општинската администрација и активисти во цивилниот сектор земаа учество на првиот Инфоден одржан во Скопје како дел од новиот циклус на промотивни активности за програмата „Еразмус плус“ во организација на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во Македонија.
Презентери на настанот беа М-р Дејан Златковски и М-р Љупка Ќурчиева, претставници на Агенцијата кои ја претставија програмата на Европската комисија во делот на образованието, обуката и младите, „Еразмус плус 2014-2020“, како и иницијативите на ЕУ, „Еуропас“ и „Евридика“.
Сите учесници на денешната трибина беа охрабрени да земат директно учество во трите клучни акции наменети за учењето преку индивидуални мобилности, соработка за иновација и размена на добри практики, како и поддршка на реформата на политиките кои ги покриваат сите типови на активности. Токму, програмите се со цел учесниците да се стекнат со искуства од своите врсници и колеги од цела Европа.
Како програма, „Еразмус плус“ им нуди на заинтересираните да партиципираат во друга програмска држава за учење, работа, предавања воедно да обучуваат или развиваат професионални вештини и компетенции, но и да развиваат билатерални и мултилатерални партнерства, зависно од секторот.
Исто така, се покажа интерес за акцијата „Соработка за иновации и размена на добри практики-Стратешки партнерства“ која се однесува на целите на политиките, предизвиците и потребите во сите полиња на образование обука и млади. Истата промовира меѓусекторска соработка релевантна за повеќе од едно поле и/или вклучува организации од повеќе полиња.
Следни инфо денови Агенцијата планира да спроведе во повеќе градови низ Македонија поточно во Прилеп, Гостивар, Штип, Велес, Крушево и Делчево. Дополнително, а со цел зголемување на вклученоста на бизнис заедницата предвидени се и информативни работилници во соработка со стопанските комори во Република Македонија.
Покрај наведените настани Националната агенција планира и реализација на две ЕКВЕТ конференции во насока на подигнување на свесноста во овој образовен сегмент.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст