Наставници и професори од Свети Николе денеска порачаа дека 20 јануари ќе биде работен ден во сите училишта во нивната општина. Бараат да се повлече одлуката за штрајк бидејќи, како што велат, актуелното раководство ја донело заради лични интереси и самопромоција.
Наставникот Ангел Давчевски рече дека изборите во СОНК се во октомври и откако ќе завршат, новото раководство да донесе одлука.
– Апелираме до претседателот Јаким Неделков и до сите околу него доколку не се чувствува доволно подготвен, амбициозен или, пак, истоштен за водење на оваа најголема синдикална организација, достојно, но и човечки е да се произнесат пред целото членство и да се откажат од раководењето пред истекот на мандатот – изјави Давчевски.
Наставниците и професорите кои се против најавениот генерален штрајк велат дека еден загубен ден за учениците многу значи за воспитно-образовниот процес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст