Сообраќајот на патниот правец Тетово – Скопје претпладнево бил во застој поради драматична бркотница меѓу полицијата и возач на комби.
Според информациите на МВР, кумановската полиција се обидела да сопре комби за редовна контрола во Куманово, но возачот одбил да застане и избегал, по што полицијата почнала потера. Бркотницата се одвивала на автопатот преку Скопје сѐ до тетовското село Желино кога конечно го стигнале возачот.
Тој одбил да застане бидејќи во комбито превезувал група мигранти од повеќе држави, кои се приведени во полициска станица во Скопје.
Сообраќајот на автопатот Тетово – Скопје сега се одвива нормално.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)
-
Мицковски: Првичната цена 400, сега 600 милиони и ти вика дека заштедиле 100
-
Само кренат глас ќе се слушне: Полицајците во понеделник на марш низ Скопје