| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсени 12 соработници на терористите од Париз

-Француската полиција во текот на ноќта уапсила дванаесет луѓе осомничени за помагање на исламистичките милитанти кои минатата недела убија 17 новинари и цивили во Париз, соопшти париското обвинителство.

Акцијата за апсење на соработниците на терористите се одвивала во областите јужно од Париз, вклучувајќи го и Монтруж, местото каде што беше убиена млада полицајка во минатонеделниот напад. Меѓу уапсените има девет мажи и три жени. Осомничени се за поврзаност и давање „логистичка поддршка“ на еден од напаѓачите, Амеди Кулибали.

amedi kulibali

Амеди Кулибали

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top