Во долго интервју во срспскиот магазин „Хело“, посветено на нејзиниот изглед и грижата за него, Елена Ристеска открива дека постоел период во кој воопшто не се чувствувала убаво.
– Порано бев многу спортски активна, трчав покрај Вардар и редовно одев во теретана. После во еден момент престанав со каква било активност и се здебелив десет килограми, што на мене делуваше депресивно и се чувствував лошо. Затоа повторно почнав да се занимавам со спорт и три пати неделно одам на тренинзи по тенис. Тоа беше доволно метаболизмот да се забрза и да не се дебелеам. Што е најважно се чувствувам живо и поведро – вели македонската пејачка.
Целото интервју може да го прочитате тука.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.