| четврток, 6 декември 2018 |

Во Берлин уапсен водачот на исламистите

Germany Terrorism Raids

Повеќе од 200 германски полицајци рано наутро изводеоа акција во ќелииите на исламските екстремисти во околината на Берлин.

Уапсени се двајца, меѓу кои и водачот на групата која имала намера да изведе напад во Сирија. Агенцијата „Асошијетед прес“ наведува дека две лица се уапсени под сомненине дека регрутирале борци и обезбедувале пари за операции за Исламската држава во Сирија.

Водачот на групата е Исмет Д., стар 41 година, кој е обвинет дека ја организирал групата за борба против неверниците во Сирија.

Групата ја сочинувале лица од турско и од руско потекло од областа на Чеченија и Дагестан.

Вториот уапсен е Емин Ф., стар 43 години, кој е обвинет дека бил обвинет за собирање пари за екстремистите.

Агенцијата „Ројтерс“ пренесува дека околу 250 полицајци учестувале во рациите во 11 објекти за кои се верува дека се поврзани со исламистите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top