| четврток, 6 декември 2018 |

Свеченост за завршувањето на мисијата ИСАФ

ARM

Во Домот на АРМ денеска свечено ќе биде одбележано завршувањето на мисијата ИСАФ во Авганистан и учеството на Армијата на Република Македонија.

На свеченоста ќе се обратат министерот за одбрана, Зоран Јолевски, началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Горанчо Котески и амбасадорите на САД и на Турција во Македонија.

Армијата на Република Македонија учествува во мисијата ИСАФ во Авганистан од 2002 година. Во 2010 година Република Македонија беше четврта замја-придонесувач во ИСАФ по глава на жител.

Во период од 12 години во оваа мисија учествуваа повеќе од 2.700 припадници на АРМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top