Седум земји членки на Европската унија (ЕУ) се заложиле за укинување на санкциите кон Русија, навел неименуван дипломатски извор за руската агенција ТАС.
Извор близок до Европскиот совет навел дека министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ нема да донесат никакви одлуку против Русија на состанокот закажан за 19-ти јануари.
– Укинувањето на санкциите било поддржано од Австрија, Унгарија, Италија, Кипар, Словачка, Франција и Чешка. Русија ќе биде тема на разговорите, но само во поглед на проблемите со санкциите. За тоа ќе се разговара дури во март“, навел изворот.
Руската агенција се повикува и на изјави од други извори, кои наведуваат дека и покрај тоа што на 19-ти јануари не очекуваат конкретни мерки, тонот на дискусијата за проблемите со санкциите мора да биде намален.
– Министрите ќе се обидат да го подготват теренот за ублажување на санкциите. Можеби и дојде време за таква одлука“, изјавил дипломатот.
Американскиот весник „Волстрит џурнал“ навел дека имал увид во документ со кој санкциите кон Русија се ублажуваат, и дека овој документ треба да биде предмет на расправа на 19-ти јануари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


