
Туристите од Грција, Турција, Србија и Бугарија биле најбројни кои ја посетиле Македонија во ноември 2014 година.
Според објавените податоци на Државниот завод за статистика, бројот на туристи од Грција изнесува 3.434, од Турција 2.667, од Србија 2.581 и од Бугарија 1940.
Во ноември минатата година земјава ја посетиле вкупно 36.475 туристи и бележи раст од 6,9 проценти во однос на ноември 2013 година.
Бројот на домашните туристи во ноември 2014 година, во однос на ноември 2013 година, е зголемен за 7,5 отсто, а бројот на странските туристи е зголемен за 6,6 отсто.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во ноември 2014 година бројот на ноќевањата изнесува 81.307 и бележи зголемување за 2,9 отсто во однос на ноември 2013 година.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во ноември 2014 година, во однос на ноември 2013 година, е намален за 0,2 отсто, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 5,5 отсто.
Во периодот јануари-ноември 2014 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 5,3 отсто и тоа кај домашните туристи има зголемување за 3,2 отсто, а кај странските има зголемување за 6,8 отсто.
Бројот на ноќевањата, пак, е зголемен за 2,1 отсто. Кај домашните туристи има намалување за 0,2 отсто, а кај странските има зголемување за 5,4 отсто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Втор ден хаос за туристите во Грција
-
180.000 туристи блокирани: До најпопуларните грчки острови денеска нема одење, прашање е кога ќе може
-
Од 100 до 750 евра казна за оваа лудост: Погледнете што прават туристите во Шпанија
-
Голема несреќа на Хаваи: Туристи повредени откако вулканска лава погодила брод


