| четврток, 6 декември 2018 |

Нова серија со Вил и Грејс

Главните актери на популарната хумористична серија „Вил и Грејс“, Ерик Мекормак и Дебра Месинг, повторно ќе глумат заедно, овојпат во криминалистичка драма.

„Мистериите на Лаура“ е новиот проект на американската телевизиска куќа „Ен-Би-Си“. Приказната се одвива околу докторот Ендру Девлин (Мекормак), арогантен хирург чија сопруга е убиена. За њујоршката детективка Лора Дајмонд (Месинг) токму сопругот е главниот осомничен за убиството кое го истражува.

Со осум сезони, неколку награди „Еми“ и „Златни глобуси“, „Вил и Грејс“ е една од најдобрите и најгледани комедии во историјата на американските телевизиски серии.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top