Џенифер Анистон во интервју за „Њујорк тајмс“ првпат сподели дека многу пред тешката разделба со Бред Пит загубила друга своја љубов. Тоа бил првиот сериозен пријател на актерката, со кого таа имала петгодишна врска во почетокот на 20-тите години на минатиот век. Веројатно станува збор за актерот Даниел Мекдоналд, со кого таа излегуваше пред да ја добие улогата во хит-серијата „Пријатели“.
– Тој беше мојата прва голема љубов, бевме заедно цели пет години, но тогаш бев многу млада за да размислувам за семејство.
Во 2007 година истиот тој човек, кој е почитуван театарски актер со номинација за наградата „Тони“ умира од тумор на мозокот.
– Можеби тој беше вистинскиот маж за мене, но јас имав само 25 години и постапив глупаво. Верувам дека тој ми го испрати Џастин за да бидам среќна повторно – вели Анистон во интервјуто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.






