| четврток, 6 декември 2018 |

Даниел Димевски останува прв човек во македонската кошарка

Даниел Димевски останува претседател на кошаркарската федерација и во следните четири години, а новиот мандат го доби едногласно. На денешното Изборно Собрание што се одржа во хотелот „Александар Палас“, Димевски немаше противкандидат и по третпат во низа ќе биде прв човек на македонската кошарка.

-Имаме причина да бидеме горди на тоа што го сработивме во периодот што е зад нас. Јасно е дека репрезентациајта е движечката сила на се што се случува во македонската кошарка. Горди сме што за осум години успеавме да се вратиме од Б-дивизијата, да учествуваме на европските шампионати од А-дивизијата и да играме успешно против врвните репрезентации на европската кошарка. Добро е што и клубовите се трансформираат и како модерни спортски колективи, добро ја претставуваат Македонија во регионалните натпреварувања. Горди сме на резултатите на МЗТ Скопје во АБА-лигата и на Куманово, Кожув, Фени и останатите клубови во БИБЛ-лигата. Се надеваме дека бројот на екипи што ја претставуваат Македонија во овие натпреварувања ќе биде уште поголем“ – изјави Димевски.
Македонија во мандатот на Димевски стаса до историски успех на ЕП во Литванија кога бевме четвртопласирани и за влакно ни избега медал. Нов предизвик за еден од нашите најуспешни колективни спортови е настапот на ЕП во Словенија годинава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top