| четврток, 6 декември 2018 |

Mладите да се пријават на огласот за професионални војници, повикува МО

војници

Министерството за одбрана (МО) ги повикува сите млади граѓани на Република Македонија да се пријават на објавениот оглас за професионални војници и со тоа да ја искористат можноста да бидат дел од Армијата на Република Македонија.

Како што соопшти МО, селекцијата ќе биде во рамки на максимална транспарентност која вклучува четири фази – поднесување документи, медицински прегледи, психофизички тестови и процес на специјална селекција. Целта е да се продолжи со традиционалното ангажирање на професионални војници со развиени психофизички способности и високи морални и етички стандарди.

– Уште еднаш ги повикуваме сите млади луѓе кои се убедени дека можат да ги исполнат обврските во една од најугледните институции во Република Македонија и кои сакаат да придонесат за безбедноста и заштитата на територијалниот суверенитет, да се пријават на јавниот оглас за професионални војници објавен во дневните весници на Република Македонија и на веб страницата на Министерството за одбрана – апелира МО.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top