| четврток, 6 декември 2018 |

Европската комисија ќе ја управува програмата „Еразмус плус“

Националната агенција од 2014 до 2020 година во име на Европската комисија децентрализирано ќе ја управува програмата „Еразмус плус“ во Република Македонија. Се работи за водечката програма за образование, обука млади и спорт на Европско ниво, а го опфаќа целосниот образовен систем на Република Македонија како и сегментот млади и младински активности.

Покрај „Еразмус плус“ и европските иницијативи „Еуропас“ и „Евридика“ од 2014 до 2020 година Националната агенција ќе се вклучи во имплементација на уште четири европски иницијативи, мрежите „Еуродеск“, „Еквет“, „Еурогајденс“ и целосна имплементација на „Е-твининг“ која досега ја имплементираше во склоп на програмата „Доживотно учење“, која траеше од 2007 до 2013 година, а во текот на 2014 година обезбеди целосен пристап до програмата и ја управуваше како независна програма со посебен зголемен европски буџет за разлика од 2013 година.

Националната агенција во периодов кој следи планира реализација на шест (6) Инфо денови за програмата Еразмус плус 2014-2020 година, а ќе се опфатат сите региони на Република Македонија. Во рамките на кампањата, ќе биде организирана и Валоризациона конференција за програмата Еразмус плус 2014-2020 година, како и дополнителни два (2) Инфо дена во соработка со различни Локални заедници т.е општини.

Дополнително, а со цел зголемување на вклученоста на бизнис заедницата предвидени се и информативни работилници во соработка со стопанските комори во Република Македонија.

Покрај наведените настани Националната агенција планира и реализација на две ЕКВЕТ конференции во насока на подигање на свесноста во овој образовен сегмент.

Во пресрет на роковите од повикот за 2015 година, Република Македонија има обезбедено целосен буџет на централизирано и децентрализирано ниво вклучително и новиот сегмент Интернационална димензија во високото образование во износ од 4 милиони евра, што претставува зголемување на доделените фондови од страна на Европската комисија од половина милион евра за 2015 година во однос на 2014 година.

Во однос на искористеноста на фондовите наменети за Еразмус плус во 2014 година, од вкупно располжливите средства, до овој момент искористени се 93,4 %.

Во тек се постапки на потпишување на договори за грант, како и евалуација на проекти од последниот рок за програмата. Со завршување на овие активности очекуваме да имаме искористеност на европски средства од над 97%.

– Нашата цел е да се зголеми видливоста на нашата работата, презентација на добри практики од успешно спроведени проекти, како и презентирање на можностите отворени за Република Македонија преку целосното учество во програма Еразмус плус – истакна директорот на Националната агенција, М-р Дарко Димитров.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top