| четврток, 6 декември 2018 |

Пет начини да изгледате послаби за само недела дена

Невозможно е на здрав начин да се намалат килограмите за само една недела, но со неколку измени во исхраната за семо недела дена може да изгледате послабо.

1. Намалете ја сол

Колку повеќе сол, толку повеќе подуеност. Кога внесувате повеќе од потребната количина на сол, телото ви бара повеќе течности, па на крај се чувствувате како надуен балон, а и изгледате како такви. Избегнувајте сол и јадете зеленчук и овошје.

2. Избегнувајте тестенини

Тестените се само јаглени хидрати. Кога ќе престанете со нивна конзумација, телото е приморано да ги потроши оние што веќе ви се наталожени. Плус, само 2-3 часа откако сте изеле чинија на шпагети, на пример, повторно чувствувате глад и на тој начин непотребно си додавате уште еден оброк.

3. Исфрлете ги од менито млечните производи

Млечните производи предизвикуваат подуеност и гасови, посебно ако, како поголемиот дел од возрасните, не поднесувате добро лактоза, односно на вашето тело се потешко му оди варењето на млечните производи. Или внсувајте млечни производи без лактоза или намалете со нив.

4. Јадете овошје со помала фруктоза 

Koга јадете овошје со помалку шеќер и желудникот помалку ќе се мачи додека да го свари. Бобинките (капинки, боровинки, малинки и сл.) се најдобро решение. Во овјо случај добри се и мали количини на сушено овошје.

5. Баталете го алкохолот

Не само пто се прекалорични, туку и тераат на уште јадење. Така што, оставете ги барем на недела алкохолните и газирани пијалоци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top