Во Мексико е пронајдено животно за кое едни велат дека е демон, други дека е вонземјанин, трети дека е измама, а четврти дека е „крилест ентитет од хуманоидно потекло“.
За последново тврдење се залага биологот Енрике Ортиз, кој тврди дека ова животно одговара на биолошкиот организам на хуманоидно тело со два пара крилја. Сеуште не е одредено неговото потекло во „потеклото на видовите“, а единствено се знае дека е пронајдено уште пред две години во националната шума во мексико и дека досега се молчело за тоа.
Животното е првпат претставено во тесен круг научници на 14 декември 2012 година во Мексико Сити, а токму Енрике Ортиз го прегледал. Чудното битие неверојатно личи на она кое беше пронајдено пред неколку години во една мексиканска шкала, а кое снимија документарци и каналите „Хистори“ и „Нешнал џиографик“, а кој досега остана мистерија.
Дали е ова нова ново животно? Летачки демон? Авторите на овој видео-прилог тврдат дека сите снимки се автентични и немонтирани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.