| четврток, 6 декември 2018 |

По примерот на Македонија и хрватската влада ќе им ги прости долговите на социјалците

nezaposlenost_burz_662726S1Хрватската влада на денешната седница ќе расправа за предлог договорот за воведување мерки за ублажување на финанските тешкотии на одредени социјални групи кои се во процедура на присилна наплата на мали парични средства. Владата ќе им го прости дологот до 35.000 куни на најсиромашните граѓани кои немаат ниту пари ниту имот, јави ХРТ.

За носењето на овие мерки владата се раководела исклучиво од социјалните критериуми и со нив ќе бидат опфатен најсиромашниот слој на граѓани, корисници на социјална помош, тие што немаат дополнителна заштеда или имот, примачи на инвалидска пензија и оние кои поради долгот имаат блокирани сметки до година дена. Се поретпоставува дека оваа мерка ќе ја искористат околу 60.000 Хрвати.

Хрватската влада, по примерот на Македонија, во октомври почнала разговори со банките, телефонските оператори и единиците на локалната самоуправа кои имаат должници меѓу најсиромашните граѓани. Банките и градоначалниците биле веднаш спремни да ги простат долговите, а најтврди биле операторите, но на крајот бил постигнат договор и со нив.

Во јуни лани, ден по формирањето на новата влада, македонските власти донесоа закон за отпис на долговите за социјално ранливите категории.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top