Со промоцијата на новата археолошка поставка во Mузејот на Крива Паланка, свечено почна десеттото, јубилејно издание на манифестацијата „Град на културата“, чиј домаќин годинава е Крива Паланка.
– Археолошката поставка што ја промовираме денеска содржи повеќе од 150 археолошки предмети од праисторискиот, античкиот период, па сè до средниот век, примероци карактеристични само за ова поднебје. Посетителите добиваат можност да видат уникатни наоди, македонски бронзи, ексклузивен накит, посребрени садови и монети. Оваа поставка ја доловува сликата за постоењето на овој град низ вековите и верувам дека таа ќе биде голема провокација за нашите граѓани, но и за посетителите од регионот и пошироко – истакна Канческа-Милевска.
Таа го изрази своето задоволство што Музејот покрај историската и етнолошката поставка, доби и археолошка поставка и со тоа ја заокружи целокупната музејска збирка.

Манифестацијата „Град на културата“ ќе ја збогати културата на локално ниво, ќе создаде услови за развој на културниот туризам и ќе го подвлече значењето на градот Крива Паланка во културниот живот кај нас.

Граѓаните на Крива Паланка и сите љубители на културата и уметноста во текот на целата година, во рамките на манифестацијата „Град на културата“, ќе може да проследат повеќе од 180 настани – театарски претстави, музички концерти, изложби и многу други квалитетни содржини со кои ќе се поттикне соработката со другите општини во Република Македонија, но и со институциите од областа на културата од целата земја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Крива Паланка: Се тепале во кафуле, побегнале од полициска станица и на крај прегазиле полицаец
-
Лувр на 11 ноември отвора свој музеј во Абу Даби (видео)
-
Груевски: Се стремиме и понатаму да им служиме на граѓаните
-
Алексовски: Во Крива Паланка ќе воведеме гасификација и ќе изградиме населби за млади брачни парови


