Комисијата за здравје и планирање на семејството на Кина соопштила дека околу милион двојки во Кина конкурирале за дозвола да имаат второ дете.
Кина почна да спроведува политика според која на двојките им е дозволено да имаат само едно дете.
Со измените на тој закон на двојките им е дозволено да имаат и второ дете, доколку еден од родителите е единец. Законот првин почнале да го спроведуваат во провинцијата Џеџанг во јануари 2014 година и оттогаш почнал да се применува и во другите делови на Кина.
Кинеската новинска агенција „Синхуа“ ја објавила изјавата на портпаролот на комисијата Мао Кјунан кој изјавил дека добиле преку милион апликации и дека ќе преземат дополнителни мерки поврзани со механизмот на популацискиот мониторин, и дека ќе предложат и соодветна политика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.