Баже Илијоски повторно по петти пат ќе игра за Работнички, а се договори со раководството на актуелниот шампион да игра за „романтичарите“ една година.
Илијоски лани настапуваше во Тајланд за Бангкок глас, но поради новото правило во тамоѓнито фудбал за намалување на дозволената квота на странци беше ослободен од обврските и одлучи да продолжи во старото јато во редовите на Работнички.
Напаѓачот на клубот од Дебар Маало ја почна кариерата во Работнички, а интересно е што речиси секогаш по интернационалните обврски се враќа во овој клуб. Тој играше и за Металург во два наврати, а има богато искуство со настапите за странски клубови. Илијоски беше член и на Инчеон, Гангвон, Брашов, Рапид Букурешт, Гифу и Бангкок глас и е еден од првите македонски фудбалери со настап во азиските клубови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.