Еден од дваесетината предлози кои во изминатото тримесечје беа понудени од високо образовните установи, професорите и студентите, како и од останатите општествени чинители, а кои се прифатени и инкорпорирани во предложениот пакет реформи за подигнување на квалитетот на севкупниот образовен систем во Република Македонија, е и последниот предлог на УКИМ за спроведување на пилот проект за државниот испит, пред неговото официјално воведување и одржување.
Министерството за образование и наука го прифати овој предлог. Според нив се работи за предлог кој е конструктивен, прифатлив и кој како аргументирана иницијатива ќе помогне во правилната имплементација на оваа реформа.
Пилотирањето значи пробна имплеметација на процесот. Значи државниот испит кој е предвиден во законот ќе се одржи и тоа не е спорно. Но пред да се одржи тој официјален државен испит ќе има пилот проект кој во суштина значи пробно изведување на процесот односно пробно изведување на државниот испит. Тоа е пробна изведба на процесот, без притоа да има било какви реперкусии врз студентите и професорите, и така ќе овозможи на најдиректен начин да се воочат сите потреби од евентуална надградба или поедноставување на целиот процес. Односно, сите чинители ќе видат што значи и како изгледа тој процес, тој чин, и непосредното искуство на студентите, професорите и сите останати засегнати страни ќе помогне при конечната формулација на процесот преку кој ќе се врши верификација на академското знаење на студентите. Тие најдиректно ќе придонесат за формулација на техничката и процедуралната имплементација, креирање на јавниот базен со прашања и слично.
Дополнително, институциите на системот ќе треба да го дефинираат начинот на пилотирањето, односно дали државниот испит пробно ќе се спроведе на сите високо образовни установи, на одредени високо образовни установи по случаен избор, или пак на оние коишто пројавиле првичен интерес да бидат опфатени.
Во меѓувреме паѓа поддршката на студентските протести. Неколку стотици денеска излегоа на денешниот протест на таканаречениот Студентски пленум пред Собранието. Одѕивот на протестот е слаб, а пред Законодавниот дом излегоа претежно блиски до опозицијата или пак лица кои имаат политичка агенда. Се чини протестите против реформите кои, според Владата, треба да го зголемат квалитетот во високото образование ја губат масовноста.
Во изминатиов период, надлежните институциите како плод на конструктивна дебата со Универзитетите прифатија и вградија дваесетина сугестии во законот со кои се подобрува квалитетот на реформата на високото образование. Ова е една од главните причини зошто бројот на протетестанти е видно и значително намален во однос на претходните протести.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



