
Од јуни нискобуџетската авиокомпанија „Визер“ ќе воведе нови директни линии од Скопје и Охрид до неколку европски градови.
Од скопскиот аеродром „Александар Велики“ директно ќе се патува до Барселона, Осло, Нирнберг, Хамбург и Фридихшафен два пати неделно, а од аеродормот Св. Апостол Павле од Охрид, ќе има директен лет до Базел, исто така два пати неделно.
Договорот за финансиска поддршка за воведување на нови авионски линии од аеродромите во Скопје и Охрид за периодот од 2015 до 2018 година е потпишан денеска во Министерството за транспорт и врски.
Билетите за шестте нови дестинации ќе бидат пуштени во продажба во февруари.
Министерството за транспорт и врски истакнува дека со воведувањето на новите дестинации се зголемуваат можностите за патување на македонските граѓани и посета на атрактивностите што ги нудат овие градови во делот на туризмот, културните и спортски настани.
Покрај најавените шест нови дестинации, во изминатиот период преку Проектот за доделување на финансиска поддршка на нови авиолинии воведени се директни летови кон Малме, Базел, Милхаусен, Милано, Бергамо, Ајндховен, Дортмунд, Меминген, Минхен, Стокхолм, Гетеборг, Лондон-Лутон, Венеција, Франкфурт, Париз, Брисел, Келн и Рим.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Владата ќе објави трет повик за нускобуџетните авиокомпании, но со олеснети критериуми
-
Откажани летовите од Германија за Македонија, голем штрајк во Германија
-
Кога си роден под среќна ѕвезда: Може да летам со ваучер стар 19 години? Може, нема проблем
-
Поради снежното невреме откажани се голем број летови низ Европа


