Околу 200 луѓе денеска излегоа на најавениот протест на таканаречениот Студентски пленум пред Собранието. Одѕивот на протестот е слаб, а пред Законодавниот дом излегоа претежно блиски до опозицијата или пак лица кои имаат политичка агенда. Се чини протестите против реформите кои, според Владата, треба да го зголемат квалитетот во високото образование ја губат масовноста.
Во изминатиов период, надлежните институциите како плод на конструктивна дебата со Универзитетите прифатија и вградија дваесетина сугестии во законот со кои се подобрува квалитетот на реформата на високото образование. Ова е една од главните причини зошто бројот на протетестанти е видно и значително намален во однос на претходните протести.
Во меѓувреме, реформата добива се поголема поддршка и помеѓу професорите и помеѓу студентите. На „Граѓанската иницијатива за поддршка на знаењето во високото образование” се приклучија повеќе од 250 професори.
Министерството за образование и наука вчера објави дека го поддржува предлог на УКИМ, за спроведување пилот проект за државниот испит, пред неговото официјално воведување. Понудениот предлог од МОН позитивно го оценуваат и сметаат дека е конструктивен и добар.
Во соопштението наведуваат дека Министерството за образование и наука позитивно ја оценува досегашната јавна дебата и дискусија која се реализира со цел да се унапреди и надгради предложениот пакет реформи за подигнување на квалитетот на севкупниот образовен систем во Република Македонија.
– Изразувајќи почит кон Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ – Скопје и другите универзитети, Министерството за образование и наука останува отворено за секоја аргументирана иницијатива и предлог реформа која значи понатамошно унапредување на квалитетот на образованието во Република Македонија, стои во соопштението.
Потсетуваат дека во изминатиот тримесечен период, прифатени и инкорпорирани се повеќе од 20 предлози кои беа понудени од високо образовните установи, професорите и студентите, како и од останатите општествени чинители.
За денеска во Собранието е закажана седница на која треба да се изгласаат измените во Законот за високо образование.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Студентите три дена кампуваат пред „Стив Наумов“ и Кузман: Списоци има, домовите неспремни за вселување (галерија)
-
Одбележани 67 години од убиството на петтемина струмички студенти
-
Концерт на Македонската филхармонија и студенти од ФМУ
-
Иселените млади ќе ги враќаа, а на студентите им кратат од храната: Владата на СДСМ го укина појадокот во студентските домови



