
Сандра Петровиќ Јаковина, членката на изборниот штаб на хрватскиот кандидат за претседател Иво Јосиповиќ изјави дека победата на Колинда Грабар Китаровиќ на изборите е под знак прашалник и за неа треба да се изјасни Уставниот суд.
Според Петровиќ Јаковина, уште не е донесена одлука во изборниот штаб на Јосиповиќ, но таа смета дека би требале тоа да го сторат поради неусогласеноста на Законот за избор на претседател и Уставот на Хрватска.
– Ова ќе биде најважна одлука во историјата на демократиката. Од темел ќе ги промени темелите на демократијата во Хрватска – изјави Петровиќ Јаковина.
Барање за преиспитување на резултатите на изборите може, по службеното прогалсување на изборните резултати да поднесе претседателскиот кандидат, но и партиите кои го кандидирале на изборите.
Резултатите на изборите во Хрватска уште не се официјално прогласени, а откако тоа ќе се случи, дури тогаш Премиерот на Хрватска Зоран Миленовиќ ќе ја честитал победата на претседателот, пишуваат медиумите во Хрватска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


