| четврток, 6 декември 2018 |

Шемоњак: На Полска и не и се заканува напад од Русија

polska

Полскиот министер за одбрана Томаш Шемоњак изјави дека на Полска не и се заканува напад од Русија, негирајќи ја со ова неодамна дадената изјава на поранешниот советник на рускиот претседател дека руската инвазија на Полска е „неизбежна“.

– Агресијата против Полска и балтичките земји би можела да се случи на различни начини – изјави поранешниот советник Андреј Иљарионов.

Тој изнесе мислење дека тоа би можела најверојатно да биде „хибридна војна, а не воена интервенција“.

Шемоњак за телевизијата ТВН24 коментирајќи ја оваа изјава истакна дека на Полска не и се заканува напад од Русија и оти Полска е членка на НАТО и треба да стори е за својата безбедност.

Полскиот министер за одбрана нагласи дека добил уверување од командантот на здружената Врховна команда на НАТО за Европа, генералот Филип Бридлав дека НАТО ќе ги зајакне воените активности во балтичкиот регион.

Шемоњак додаде дека воените вежби на НАТО оваа година ќе бидат поинтензивни во однос на минатата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top