Членови на Студентскиот и на Професорскиот пленум, како и граѓани кои ги поддржуваат, попладнево се собраа пред Собранието на Република Македонија за да го искажат своето несогласување со предложените измени на Законот за високо образование, што пратениците треба да ги гласаат на денешната седница.
Учесниците на протестот носат транспратенти, а прават и „маратон пародија на носење закони“. Улицата пред Собранието е затворена за сообраќај, а околу зградата има засилено полициско присуство.
Претставници на Студентскиот пленум најавија дека ако Собранието ги донесе измените на Законот за високо образование, ќе ги практикуваат сите вонинституционални методи што постојат – бојкот, блокирање и преземање на универзитетот… Според нив, донесувањето на измените на Законот ќе значи укинување на автономијата на универзитетот и кршење на Уставот.
Дополнетиот предлог закон за изменување и дополнување на Законот за високото образование е 28 точка на денешната 31. пленарна собраниска седница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



