Во текот на изминатите 24 часа на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно шест сообраќајни незгоди.
Од нив, пет се со последица материјална штета и една е со последица тешка телесна повреда, во која со тешки телесни повреди се здобил еден пешак.
Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 38 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење. Од нив 10 возачи се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место, четворица возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците, како и 25 возачи кои со возилото непрописно се престроиле пред крстосница, не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување на возилото.
Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција отстранети се 46 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.
Денеска со почеток во 11 часот во организација на неформалната студентска организација Студентски пленум на ул. „11 Октомври“ пред зградата на Собранието на Република Македонија ќе се одржи протест. Со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување, а во зависност од моменталните состојби сообраќајот ќе биде и пренасочен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.