| четврток, 6 декември 2018 |

Патриша Аркет: Од хонорарот за „Детство“ едвај плаќав дадилка

40th Annual Los Angeles Film Critics Association Awards

Патриша Аркет, актерката која го освои Златниот глобус изјави дека конечно може да здивне што остари во филмот „Детство“, а нејзниот ангажман барал големи финансиски одрекување.

Аркет (46) говореше за притисоците со кои се соочуваат актерките за да го задржат младешкиот изглед и изјави дека и е многу драго што во филмот можела да го претстави своето вистинско лице.

– Идејата е во тоа што светот очекува од вас засекогаш да останете млади. Не се важи тоа ако сакате да се посветите на кариерата и тоа многу рано го разбрав. Се обидував да се ослободам од тие стеги во текот на годините. Морам да остарам, зарем не разбирате. Ми треба простор да се развивам, да стареам и да бидам човек – изјави Аркет во интервју за „Њујорк Тајмс“.

Во друго интервју Аркет открила дека поради филмот „Детство“, морала да трпи големи финансиски одрекувања.

– Важно ми е да заработам за живот од актерството, но повеќе пари одвоив за дадилката и за лицето кое ми ги шеташе кучињата, отколку да заработите за живот. Телевизијата ви овозможува да заработите за живот, да ги храните децата и да ги испратите на студии. Луксуз е да изберете работа која вам ви е важна – изјави Акрет.

Акрет алудираше на контроверзните коментари на Расел Кроу. Австралискиот актер изјави дека неговите постари колешки требале да се однесуваат во склад со нивните години, наместо да бираат улоги кои подобро им прилегаат на младите актерки.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top