| четврток, 6 декември 2018 |

Внимавајте на влажни коловози и на голомразица

pat lizgavСообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Поради ниски температури на повисоките места, можна е појава на голомразица, информираат од АМСМ.

АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење на отежнатите услови за сообраќај и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top