Вечерва 19 пат по ред се запали василичарскиот оган во скопската населба Мичурин каде се слави големиот христијански празник Василица, објави Канал 5.
Традицонално свештениците ја осветија погачата и се помолија за здравје и бериќет на сите присутни на манифестацијата. Потоа се делеа парчиња на 20-тина граѓани, меѓу кои и градоначалникот на Скопје Коце Трајановски и на населбата Аеродром Ивица Коневски, но најсреќен годинава ќе биде Ѓорѓи Гаштаров – кој е претседател на здружението на граѓани Мичуринска средба.
Тој оваа година го презеде кумството и ќе биде организатор на следната манифестација догодина. На крај се запали и василичарскиот оган. Граѓаните се затоплија со чашка греана ракија или чај, но и со музика и забава која ќе трее и по полноќ. Манифестацијата Мичуринска средба и оваа година е поддржана од општината Аеродром.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кравава тепачка пред локал во Мичурин: Четворица другари претепани од 10 лица
-
Вечерва на полноќ сите немажени девојки треба да бидат будни
-
Ако ви се падна паричката на Василица, еве каде треба да ја чувате за да ви носи среќа цела година
-
Вечерва се дочекува Православната Нова Година – Кои други народи во светот ќе слават со нас?


