| четврток, 6 декември 2018 |

Уште еден сатиричен магазин во Франција доби закани

весник

Уште еден француски сатиричен весник примил закана дека сега е неговиот ред и тоа по само еден ден од масакрот во редакцијата на Шарли Ебдо, заради што француската полиција го засили обезбедувањето на весникот, јавуваат француските медиуми.  Станува збор за сатиричниот весник  „Le Canard Enchaine“.

 -Вие сте на ред – се вели во пораката во која се појаснува дека новинарите ќе бидат распарчени со секира.

Неделникот ги прими заканите на 8 јануари, ден по нападот на редакцијата на Шарли Ебдо, кога беа убиени 12 карикатуристи, новинари и соработници.

Le Canard Enchaine, кој излегува во среда, за ова недела го одбра насловот „Слободата на печатот се троши само ако не се користи“, а на насловната страна е отпечатено „Кабу(еден од убиените карикатуристи) порачува: Ајде момци, немој да ве заколат“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top