| четврток, 6 декември 2018 |

Доналд Туск се залага за формирање база на податоци за патниците

туск

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск се заложи денеска во говорот пред Европскиот парламент, со цел сузбивање на тероризмот, да се воспостави обединета база на податоци за патниците во авиосообраќајот.

– Доколку не водиме сеопфатна безбедносна политика, ќе ја доведеме во прашање слободата која ја остваривме – рече Туск пред пратениците на пленарното заседание во Стразбур.

Тој силно се заложи за формирање единствена база на податоци (ПНР) со податоци за сите патници кои доаѓаат и заминуваат од ЕУ, која би била на располагање на безбедносните служби на ЕУ, но и на САД, и која би го олеснила следењето на „Исламска држава“ и останатите терористички организации.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top