| четврток, 6 декември 2018 |

САД сподели информации за лица поврзани со нападите во Париз

јос

Американското разузнавање достави на Франција податоци за движење на луѓе, кои можеби се поврзани со терористичките напади во Париз минатата недела, изјави денеска портпаролот на Белата куќа Џош Ернест.

– САД споделија информации со француските служби, кои се обидуваат да го разјаснат настанот и да ги откријат сите поврзнаи со нападот – изјави тој.

Ернест нагласи дека доставените до Париз информации се однесуваат на историјата на патувања на предметните личности, без да објави повеќе детали за тоа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top