Не дозволувајте им на вашите гениталии да бираат!
Иако звучи смешно, повеќето погрешни односи настануваат токму од силна физичка привлечност, односно добар секс. И мажите и жените би требало да запомнат дека сексуалниот нагон нема никаква врска со иднината на односот. Секако дека без некоја почетна хемија не се може, но ниту “екстремно добриот секс” нема да ги надомести разликите во ставовите, непочитувањето или недостатокот на љубов. Студиите покажуваат дека во повеќето стабилни љубовни односи сексот се подобрува со тек на време, додека во токсичните врски правилото е дека сексот е одличен на почеток на врската, но станува полош со тек на време како односот пропаѓа.
Причекајте со секс
Кај две возрасни и сексуално искусни личности често се наметнува прашањето – зошто воопшто да се чека со сексот. Сепак, психолозите тврдат дека тие кои имаат навика да завршат со погрешни луѓе, секако дека треба да причекаат. За време на сексот доаѓа до лачење на хормон кој создава чувсто на блискост, но тоа е само привидно доколку од другата страна имаме некој кој поточно не го познаваме. Почекајте за на некој начин да се запознаете, да ги слушнете меѓусебните ставови и размислувања, а сексулната напнатост искористете ја како дополнителен зачин откако ќе дојде до секс – тоа само може да ви користи.
Бидете искрено сигурни во својата вредност
Како се чувствуваме, такви луѓе привлекуваме. На пример, ако се чувствувате изгубено, повредено од страна на бившиот партнер, не сте ги поставиле своите приоритети и влегувате во врска само за да не сте сами, односно за да не ви биде досадно, значајно се поголеми шансите да завршите со некој кој не ви одговара. Пред да влезете во нова врска важно е да ги соберете своите мисли и да имате позитивен впечаток за себе – знајте дека сте убави, паметни и способни и дека заслужувате некој кој ќе ве почитува и така ќе ве доживува. Луѓето кои ве лажеле, изневерувале или емоционално ве злоставувале не го правеле тоа бидејќи вие тоа го заслужувате – туку затоа што се такви луѓе, а најважно е да поставите здрави темели на самопочитување за на првите симптоми на такво однесување да можете да побегнете од таква комбинација.
Избегнувајте го веќе виденото доколку доаѓате од дисфункционално семејство
Ако вашите родители имале лош брак, цело детство сте гледале како помеѓу себе се однесуваат со непочитување или еден од нив го злоставувал другиот, на првиот знак дека вашиот потенцијален партнер ве потсетува на нешто од вашето примарно семејство, бегајте.
Психолозите објаснуваат дека луѓето имаат вградени пориви да ги исправаат работите од минатото во сегашноста, но тоа е нешто против кое треба да се борите. На пример, вашиот татко може да биде прекрасен татко, способен мајстор и одличен пријател, но истовремено и лош сопруг кој не знае да покаже нежност – но вие не смеете да паднете во стапица и да имате партнер кој ве потсетува на него надевајќи се дека со своето однесување ќе ја разбудите нежноста во него.
Дајте му шанса на обично момче
Често на придавката “обично” и го препишуваме и значењето “досадно”, но вистината е дека тоа е искривена перцепција на луѓето кои имаат навика да бидат во лоши односи. Тие се навикнале на емоционални драми, постојани расправии и смирувања, голема страст и болка, па сметаат дека без тоа нема вистинска љубов. Психолозите објаснуваат дека вистинската и стабилна партнерска љубав на некој начин е и “досадна”, но во тоа е и нејзината магија. Треба да се тежнее кон однос кој полека се изградува и љубов која расте според “заслуга” – односно во зависност од убавите работи кои партнерот ги прави за нас и обратно. Така се создаваат темели на врска која носи душевен мир, стабилност и која го извлекува тоа најдоброто од нас
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



