Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, упати честитка до Колинда Грабар-Китаровиќ, по повод изборот на функцијата Претседател на Република Хрватска.
Иванов во името на граѓаните на Република Македонија и во негово лично име, на Грабар-Китаровиќ ѝ посака успех во извршувањето на оваа одговорна функција.
– Уверен сум дека под Ваше водство, Република Хрватска и натаму ќе бележи успеси, продолжувајќи ја конструктивната улога во стабилноста и развојот на регионот на Југоисточна Европа, стои во честитката од претседателот Иванов.
Тој меѓу другото изразува задоволство за успешниот развој на традиционално пријателските односи меѓу Македонија и Хрватска и ја истакнува, како што стои, длабоката увереност за натамошно продлабочување и интензивирање на контактите меѓу двете држави на највисоко ниво.
– Длабоко сум убеден дека за време на Вашиот мандат, Република Хрватска како докажан пријател на Република Македонија ќе продолжи силно да ги поддржува нашите заложби за интегрирање во Европската унија и во НАТО и дека со заеднички ангажман ќе придонесеме за регионалната стабилност и просперитет, но и за интензивирање на регионалната соработка, вели Иванов во честитката до Грабар-Китаровиќ, изразувајќи надеж дека наскоро ќе имаат можност остварат средба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кабинет на Иванов: Претседателот ќе се обрати пред Парламентот!
-
Иванов: Албанскиот јазик е важен дел од македонското мултиетничко и мултијазично општество
-
Иванов го честиташе 11 Октомври: Достојно и гордо да го чуваме ова парче земја бидејќи тоа е сè што имаме
-
Иванов во Њу Џерси: Конечната одговорност е на македонските граѓани



