Британската водителка и манекенка Кејти Пајпер во 2008 година била жртва на суров напад, кога нејзиното поранешно момче потплатил маж да фрли киселина на нејзиното лице.
Пајпер заврши со целосно изобличено и уништено лице и без едно око, но тоа не ја спречило да продолжи да се бори да го врати својот живот во нормала.
– Кога ќе се погледнам во огледало, моите лузни повеќе не ме вознемируваат. Само се потсетник на тоа колку сум посилна од личноста која се обиде да ми наштети. Само тие кои преживуваат, носат лузни. Следниот пат кога ќе се погледнам во огледало, ќе си повторам, ќе си повторам сама на себе дека преживеав – вели сега 31-годишната Кејти.
Во кобната година, таа имала 24 години и само што почнала да ја гради својата кариера како манекенка и водителка, а ја освоила титулата Мис Винчестер. Набрзо после тоа го запознала Линч, се договориле за состанок и почнале да излегуваат. После две недели, резервирале соба во хотел и излегле на вечера, после која Линч ја претепал, ја силувал и ја избодел.
Само две недели подоцна, тој платил напаѓач за да ѝ го уништи лицето со киселина. Киселината предизвикала делумно слепило, а лицето ѝ било целосно уништено, а Линч е казнет со 12 години затвор.
Денес Кејти емисија на британскиот канал „„Канал 4“ и е верена со столар со кој имаат и дете.
Извор: Дејли меил
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст





