Министерството за одбрана денес објави јавен оглас за прием на 125 професионални војници. Министерот за одбрана, Зоран Јолевски, истакна дека целата процедура за избор на професонални војници ќе се одвива во четири фази.
Во првата фаза кандидатите ќе мора да поднесат документи до подрачните единици на МО. Во втората фаза ќе бидат извршени здравствени прегледи, а во третата кандидатите ќе подлежат на психофизички тестови.
Четвртата фаза, која не е елиминациска, за оние кандидати кои ќе поминат, ќе следува селективен курс кој ќе трае 24 дена, по што ќе следува интервју.
Се очекува изборот на професионални војници да заврши до крајот на март оваа година или почетокот на април.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.