| четврток, 6 декември 2018 |

Ршумовиќ: Сите треба да се бориме за правата на детето

Интервју со српската легенда на поезијата Љу­би­во­је Ршу­мо­виќ, објавено во 15-от број на неделникот „Република“ (14 декември 2012)

Rsumovic-1

Јас жи­ве­ам сре­ќен жи­вот, имам 73 го­ди­ни и сѐ уште го ра­бо­там тоа што го са­кам и, за мо­ја огром­на сре­ќа, жи­ве­ам од тоа што го ра­бо­там, ве­ли Ршу­мо­виќ.

 

Тој е жи­ва ле­ген­да. По­ве­ќе ге­не­ра­ции рас­теа и израс­наа со не­го­ва­та по­е­зи­ја и не­го­ви­те култ­ни еми­сии, ме­ѓу кои нај­по­пу­лар­на е „Фа­зо­ни и фо­ри“. Не­го­ви­те пес­ни ги пе­е­ше по­пу­лар­ни­от хор „Ко­ли­бри“ во по­ра­неш­на­та Ју­гос­ла­ви­ја, не­говaта по­е­зи­ја се уче­ше на­и­зуст и од неа се уче­ше за жи­во­тот. И по­крај тоа што има 73 го­ди­ни, Љу­би­во­је Ршу­мо­виќ уште не­у­мор­но тво­ри, пи­шу­ва, по­се­ту­ва учи­ли­шта во се­ла­та во Ср­би­ја и на уче­ни­ци­те им ја чи­та сво­ја­та по­е­зи­ја. Се бо­ри за пра­ва­та на де­ца­та, пи­шу­ва за нив, им по­да­ру­ва свои кни­ги, ужи­ва во друш­тво­то на сво­и­те вну­ци.

Rsumovic-4Во Скоп­је бе­ше дој­ден да ја при­ми ме­ѓу­на­род­на­та кни­жев­на на­гра­да „Та­бер­на­кул“, ко­ја прв­пат се до­де­лу­ва оваа го­ди­на. Са­ла­та во хо­те­лот „Але­ксан­дар па­лас“ бе­ше пре­пол­на, а тој по­ве­ќе од еден и пол час се пот­пи­шу­ва­ше на ку­пе­ни­те при­ме­ро­ци кни­ги. А, во пуб­ли­ка­та и мла­ди и ста­ри. И ле­ка­ри, сли­ка­ри, пси­хо­ло­зи, по­е­ти, врс­ни­ци на Ршу­мо­виќ, но и пом­ла­ди и по­во­зрас­ни. Обич­ни лу­ѓе што дош­ле со се­мејс­тва­та, со де­ца­та, а тие под­го­тве­ни од до­ма, со кни­ги по­е­зи­ја од Ршу­мо­виќ ве­ќе об­ја­ве­ни на ма­ке­дон­ски ја­зик. Си­те стрп­ли­во че­каа да им се пот­пи­ше на „Бу­квар на дет­ски пра­ва“, а тој, пак, со долж­но вни­ма­ние го слу­ша­ше се­кој кој за­па­ме­тил дел од не­го­ви­те сти­хо­ви, па му ги ре­ци­ти­ра­ше, да­вај­ќи му до зна­е­ње де­ка вли­ја­ел во не­го­ви­от раз­вој ка­ко лич­ност. Му оста­ваа пен­ка­ла за по­да­рок, по не­ко­ја фо­то­гра­фи­ја, се прет­ста­ву­ваа, и по­тоа среќ­ни си за­ми­ну­ваа гле­дај­ќи во пот­пи­сот на кни­га­та ка­де што Ршу­мо­виќ на­цр­тал и ср­це до пот­пи­сот.

 

Оче­ку­ва­вте ли ол­ка­во ин­те­ре­си­ра­ње за Вас ка­ко автор и за Ва­ша­та кни­га „Бу­квар на дет­ски пра­ва“?
Ршумовиќ: Мо­рам да приз­на­ам де­ка бев мал­ку збу­нет. Не оче­ку­вав де­ка ќе има ол­ку го­ле­мо ин­те­ре­си­ра­ње. Не ве­ру­вав де­ка ре­чи­си це­ла са­ла ќе ја ку­пи кни­га­та и ќе дој­де по авто­грам. Но, ов­де ста­ну­ва збор за по­ве­ќе ра­бо­ти. Искре­но, тоа го­во­ри де­ка си­те овие лу­ѓе што дој­доа на оваа про­мо­ци­ја рас­те­ле со мо­ја­та по­е­зи­ја. Се раз­бо­ра, тоа ме пра­ви сре­ќен од ед­на стра­на, но од дру­га се­во ова ме пра­ви да се чув­ству­вам по мал­ку та­жен би­деј­ќи тоа се лу­ѓе, кои се, пра­ктич­но, на мо­ја во­зраст, тоа се мои врс­ни­ци. Ме­ѓу нив има и по­во­зрас­ни и од ме­не. Но, ме ра­ду­ва фа­ктот де­ка и мно­гу де­ца дој­доа и ја ку­пи­ја кни­га­та. Си­гур­но нив­ни­те ро­ди­те­ли се глав­ни „ви­нов­ни­ци“ за тоа. Уба­во е ко­га та­ка се вос­пи­ту­ва­ат де­ца­та.

Ве из­не­на­ди ли на­гра­да­та од из­да­вач­ка­та ку­ќа „Та­бер­на­кул“, ко­ја е под по­кро­ви­телс­тво на Вла­да­та на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја?
РшумовиќНа не­кој на­чин да, ме из­не­на­ди. Би са­кал да се заб­ла­го­да­рам за на­гра­да­та. Ова е ме­ѓу­на­род­на кни­жев­на на­гра­да, јас имам до­би­е­но не­кол­ку та­кви, но ова е ед­на од нај­дра­ги­те. По­сто­јат по­ве­ќе при­чи­ни за тоа. Оваа го­ди­на сла­вам 55 го­ди­ни кни­жев­на ра­бо­та и ток­му во тој ју­би­леј ја до­би­вам оваа на­гра­да, ко­ја е зна­чај­на, би­деј­ќи ста­ну­ва збор за др­жав­на на­гра­да на Ма­ке­до­ни­ја. Јас со ва­ша­та др­жа­ва имам по­себ­ни, емо­тив­ни вр­ски, од­но­си и се­ќа­ва­ња од ми­на­то­то, се раз­би­ра. Во да­леч­на­та 1956 го­ди­на бев на ра­бот­на ак­ци­ја во Пе­ла­го­ни­ја, кај пла­ни­на­та Ба­ба, под вр­вот Пе­ли­стер, ко­га го ре­гу­ли­рав­ме те­че­ни­е­то на ре­ка­та Цр­на, ко­га по­крај нас, по­крај Ужич­ка бри­га­да, ко­ја бе­ше со­ста­ве­на од сред­но­школ­ци, бе­ше штип­ска­та бри­га­да. Ту­ка се ра­ѓаа пр­ви­те љу­бо­ви, пр­ви­те сим­па­тии, пр­ви­те воз­ди­шки ме­ѓу вљу­бе­ни­те…

По­ет што на­пи­шал по­ве­ќе од 15.000 пес­ни

Љу­би­во­је Ршу­мо­виќ е ро­ден во 1939 го­ди­на во Љу­биш на Зла­ти­бор, Ср­би­ја. Дип­ло­ми­рал на Фи­ло­ло­шки­от фа­кул­тет во Бел­град, во гру­па­та оп­шта и ком­па­ра­тив­на кни­жев­ност. Во Бел­град го за­поз­нал Ду­шко Ра­до­виќ, под чи­е­што вли­ја­ние поч­нал да пи­шу­ва пес­ни за де­ца. Ра­бо­тел во Ра­дио Бел­град, по­тоа и во Те­ле­ви­зи­ја Бел­град, ка­де што бил автор на по­пу­лар­ни­те еми­сии за де­ца: „Ил­ја­да зо­што“, „Ај­де да рас­те­ме“ и „Фа­зо­ни и фо­ри“. До­пи­сен член е на Срп­ска­та ака­де­ми­ја на на­у­ки­те и на умет­но­сти­те, до­бит­ник на мно­гу кни­жев­ни на­гра­ди и приз­на­ни­ја, ме­ѓу кои и на­гра­да­та „Пу­ља“ во Ба­ри, Ита­ли­ја за вкуп­но­то тво­реш­тво за де­ца и на­гра­да­та УНЕСКО за „Бу­квар на дет­ски пра­ва“ на свет­ски­от кон­курс за кни­га што про­па­ги­ра мир и то­ле­ран­ци­ја.

До­се­га об­ја­вил 88 кни­ги, нај­че­сто за де­ца, а автор е и на три учеб­ни­ци за ос­нов­но учи­ли­ште. На­пи­шал пре­ку 15.000 пес­ни. Во те­а­три­те се из­ве­ду­ва­ат не­го­ви­те де­ла, а прв до­бит­ник е на на­гра­да­та „Ду­шко Ра­до­виќ“. Се за­ни­ма­вал и со спорт. Тој е ос­но­вач, нат­пре­ва­ру­вач и прв пре­тсе­да­тел на ка­ра­те клу­бот Цр­ве­на звез­да, ди­ре­ктор на те­а­та­рот „Бо­шко Бу­ха“, еден од ос­но­ва­чи­те и прв пре­тсе­да­тел на Од­бо­рот за за­шти­та на пра­ва­та на де­те­то во Ср­би­ја. Та­тко е на три де­ца и де­до на трој­ца вну­ци.

Ужи­ва­те ли овие де­но­ви во Скоп­је? Бе­вте и на Фи­ло­ло­шки­от фа­кул­тет во Скоп­је и та­му одр­жа­вте пре­да­ва­ња пред сту­ден­ти­те. Ка­кви спо­ме­ни ќе по­не­се­те на­зад во Бел­град, ко­га ќе се вра­ти­те до­ма?
РшумовиќСе раз­би­ра де­ка овие де­но­ви беа не­за­бо­рав­ни за ме­не. Не оче­ку­вав ол­ку го­ле­мо вни­ма­ние и до­ма ќе по­не­сам нај­у­ба­ви спо­ме­ни. Во Скоп­је срет­нав мно­гу ста­ри дру­га­ри и при­ја­те­ли со кои одам­на се не­мав­ме ви­де­но. Ме­ѓу нив и Сто­јан Та­ра­пу­за, кој ми е мно­гу драг при­ја­тел. Та­ра­пу­за е по­во­зра­сен и од ме­не, но, мо­рам да приз­на­ам де­ка од­лич­но се „др­жи“ со ог­лед на го­ди­ни­те. По­стар е од ме­не, но гле­дам де­ка го­ди­ни­те не му се проб­лем. На­про­тив, од­лич­но изг­ле­да и ду­хот не го на­пу­шта.

На­пи­ша­вте по­ве­ќе од 15.000 пес­ни во 88 кни­ги. Да­ли Вам жи­во­тот Ви е пес­на?
РшумовиќДа. Јас жи­ве­ам сре­ќен жи­вот. Имам 73 го­ди­ни и сѐ уште го ра­бо­там тоа што го са­кам и, за мо­ја огром­на сре­ќа, жи­ве­ам од тоа што го ра­бо­там. Тоа е важ­но.

И по­крај по­од­ми­на­ти­те го­ди­ни не се отка­жу­ва­те од иде­ја­та да ги по­ми­не­те си­те учи­ли­шта, па ду­ри и тие во нај­за­фр­ле­ни­те се­ла во Ср­би­ја и на уче­ни­ци­те да им ја чи­та­те сво­ја­та по­е­зи­ја, да по­да­ру­ва­те кни­ги, да фор­ми­ра­те учи­лиш­ни биб­ли­о­те­ки?
РшумовиќНе се отка­жу­вам. Тоа оде­ње по си­те учи­ли­шта го чув­ству­вам ка­ко об­вр­ска и ка­ко мо­ја долж­ност. Мо­ја об­вр­ска ка­ко по­ет, по­себ­но ка­ко по­ет за де­ца е да одам та­му ка­де што ни­ко­гаш не стап­нал ни­ту еден друг по­ет, јас да би­дам ме­ѓу пр­ви­те или прв што ќе до­не­се кни­га, прв што ќе им чи­та пес­ни на де­ца­та, кој ќе ги убе­ду­ва де­ца­та да чи­та­ат, а, се раз­би­ра, и да пи­шу­ва­ат.

Ги ужи­ва­ат ли де­ца­та пра­ва­та што ги зас­лу­жу­ва­ат?
РшумовиќДа, ама си­те тре­ба да се бо­ри­ме за нив­ни­те пра­ва.

На­гра­да­та „Та­бер­на­кул“ за Ршу­мо­виќ и за Кун­де­ра

Rsumovic-2Љу­би­во­је Ршу­мо­виќ и Ми­лан Кун­де­ра се пр­ви­те до­бит­ни­ци на ме­ѓу­на­род­на­та кни­жев­на на­гра­да­та „Та­бер­на­кул“, ко­ја ја до­де­лу­ва из­да­вач­ка­та ку­ќа „Та­бер­на­кул“, а под по­кро­ви­телс­тво на Вла­да­та на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја. На­гра­да­та се со­стои од ста­ту­е­та изра­бо­те­на од ва­ја­рот Го­ран Ста­мен­ков, злат­ник од „Та­бер­на­кул“, па­ри­чен из­нос од 5.000 евра, а „Та­бер­на­кул“ ги об­ја­ви де­ла­та „За­ве­са“ и „Сред­ба“ од Кун­де­ра и „Бу­квар на дет­ски пра­ва“ од Ршу­мо­виќ, кои до­се­га не беа об­ја­ве­ни на ма­ке­дон­ски ја­зик.

Кун­де­ра и Ршу­мо­виќ ста­наа чле­но­ви на кни­жев­на­та ака­де­ми­ја „Та­бер­на­кул“ и им се при­дру­жи­ја на Фе­рид Му­хиќ, Вен­ко Ан­до­нов­ски и на Го­ран Сте­фа­нов­ски. Овој со­став во ид­ни­на ќе ги из­би­ра но­ви­те ла­у­ре­а­ти.
Мо­ти­вот за оваа на­гра­да е да се за­чу­ва­ат ви­стин­ски­те вред­но­сти нас­про­ти „естра­да­та во из­да­ваш­тво­то“ и ам­би­ен­тот на „по­ве­ќе пи­шу­ва­чи од пи­са­те­ли“.
По­ра­ди ста­рост, 83-го­диш­ни­от че­шки пи­са­тел Кун­де­ра, нај­поз­нат по ро­ма­ни­те „Ше­га“, „Не­под­нос­ли­ва лес­но­ти­ја на по­сто­е­ње­то“ и „Бес­мрт­ност“, не до­па­ту­ва во Скоп­је, но не­му на­гра­да­та во Па­риз ќе му ја пре­да­де за­ме­ник-ми­ни­сте­рот за над­во­реш­ни ра­бо­ти на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја, Зо­ран Пе­тров.

 

Rsumovic-5

Г

Да жи­ве­ам имам пра­во
кон сон­це­то да се свр­там
раз­бе­ри во­зрас­на гла­во
и пра­во да пи­шу­вам, цр­там

на не­прав­да­та точ­ка ти ста­ви
чуј ме во­зра­сен све­те
не сум играч­ка на си­те да им се ја­ви
са­кам да би­дам де­те

под не­бо­то си­но ил си­во
под сон­це­то кај што се гре­ам
имам пра­во на жи­вот
да играм и да се сме­ам

(„Бу­квар на дет­ски пра­ва“)

Ан­до­нов­ски: Кни­жев­но­ста на Ршу­мо­виќ е кни­жев­ност за де­те­то во нас

Rsumovic-3-venko-andonovskiЧе­ста да го­во­ри за по­е­зи­ја­та на Ршу­мо­виќ на до­де­лу­ва­ње­то на на­гра­да­та „Та­бер­на­кул“ ја има­ше про­фе­со­рот Вен­ко Ан­до­нов­ски, кој е и член на ака­де­ми­ја­та Та­бер­на­кул.

– Ко­га го­во­ри­ме за Ршу­мо­виќ, го­во­ри­ме ка­ко за пи­са­тел за де­ца. Таа по­дел­ба на ли­те­ра­ту­ра за во­зрас­ни и на ли­те­ра­ту­ра за де­ца це­лос­но не­ма смис­ла. Ршу­мо­виќ не се обра­ќа до де­те­то, тој се обра­ќа до де­те­то во чо­ве­кот! Не­го­ви­те кни­ги се чи­та­ни и од де­ца­та и од во­зрас­ни­те. Од­нос­но не­му кни­ги­те му ги чи­та­ат де­ца од се­дум и де­ца од 77 го­ди­ни. Тој е де­те­то во нас, без раз­ли­ка на го­ди­ни­те, де­те што спо­ред приз­на­ни­е­то на са­ми­от чо­век поч­на­ло да си игра со соз­вуч­ја, збо­ро­ви и со ри­ми од нај­ра­на во­зраст, уште пред да на­у­чи да чи­та и да пи­шу­ва. Не­го­ва­та кни­жев­ност не е кни­жев­ност за де­ца, тоа е кни­жев­ност за де­те­то.

Низ не­го­ви­те де­ла се гле­да кол­ку е важ­но дет­ство­то за раз­бо­јот на чо­ве­кот, за пи­са­те­лот, по­себ­но. Во „Бу­квар на дет­ски пра­ва“ чи­та­ме: „Де­те­то е чо­век во ко­стум на де­те“, „Де­ца­та гле­да­ат сѐ во ни­што, во­зрас­ни­те ни­што во сè“ и дру­ги…

Пес­ни­те не се пра­ват од збо­ро­ви, ту­ку од ин­то­на­ции, зву­ци и гла­со­ви, тоа е ста­вот на Ршу­мо­виќ. По­е­зи­ја­та се ра­ѓа од не­до­стиг на збо­ро­ви, сме­та Ршу­мо­виќ.

Ршу­мо­виќ во­оп­што не е тол­ку ед­но­став­но да се прог­ла­си за ко­ми­чен пи­са­тел. Ре­тки се авто­ри­те ка­ко Ршу­мо­виќ, кој на све­тот гле­да­ат ка­ко да е вче­ра. А, на не­го гле­да­ат тол­ку све­жо и по­чу­де­но и во не­го мо­жат да ви­дат сè, бу­квал­но сè, са­мо за­тоа што овој наш бал­кан­ски и европ­ски пи­са­тел со сво­и­те де­ла при­до­не­су­ва за таа но­ва, не­ви­на, дет­ска пер­цеп­ци­ја на еден во су­шти­на из­мо­рен и истро­шен свет“.

Разговараше: Але­ксан­дра Маз­не­ва – Бун­да­лев­ска
Фото: Игор Ангеловски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top