| четврток, 6 декември 2018 |

На ред е ерата на антифотошоп, Кејт Мос се сликаше за „Вог“ без дигитална обработка на фотографиите

11-4

Се чини дека ерата на антифотошоп е во полн замав. Ѕвездите како Кира Најтли и Жизел Бундшен забранија дигитално уредување на нивните фотографии во последните кампањи, а сега им се придружува и Кејт Мос која позира за италијанското издание на „Вог“ во потполно природно издание.

Едиторијалот го сними Питер Линдберг, а 40-годишната Кејт изгледа младолико и прекрасно во типични ситуации за неа, како пиење чај, пушење цигари и хипнотизирачки поглед со кој допира до читателот. И  цело време изгледа како „најкул“ Британка на целата планета.

Борбата против фотошопирањето која ја почнаа самите ѕвезди е за поздрав.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top