| четврток, 6 декември 2018 |

Математичарка, одлична ученичка, единствено девојче во селото: искачувањето на ќерката на месарот до фотелјата на претседател!

Ако се родеше како машко, новата претседателка на Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ би се викала Арсен, а да не бееше тогашната поп-ѕвезда во Југославија, Зденка Вучковиќ, мајка и ќе и дадеше име-Ксенија. Колинда Грабар Китаровиќ е родена на 29 април 1968 година. Анегдотата врзана за нејзиното раѓање открива дека татко и Бранко на нејзината мајка Дубравка по породувањето под прозорецот и ја пеел песната на Зденка Вучковиќ „Колинда“ и тека токму тој настан одлучил за името на хрватската претседателка, пишува „Јутарњи лист“.

Колинда била одличен ученик во основно училиште, со сите петки, освен од еден предмет во седмо одделение-физичко. Нејзината мајка открила дека Колинда одлучила седмото одделение да го заврши со сите петки и дека до крајот на школската година упорно трчала околу игралиштето за да ја поправи оценката.

kolinda-grabar-kitarovic-1421089130-607194

Еднаква упорност покажа и во претседателската кампања. На почетокот на претседателската трка нејзината кампања беше критикувана како хаотична, лоша и без содржина. За да го исправи тоа, таа помина повеќе од 30 илјади километри низ Хрватска во обид своите избирачи да ги убеди во спротивното. И судејќи според резултатите, очигледно успеа. Според нејзините партиски соборци Колинда успеа бидејќи е „ќерка на месарот, девојка од село, поблиска до луѓето отколку Јосиповиќ“, пишува „Јутарњи лист“.
Колинда Грабар Китаровиќ доаѓа од семејство кое нема значајно политичко педигре. освен прадедото Виктор, кој бил еден од основачите на ХСС, никој во поблиската фамилија која потекнува од селото Лубарска не се занимавал со политика. Таткото Бранко во приземјето од куќата до крајот на 80-тите години држел месарница, а во соседното село Лопача семејството поседува фарма со 22 крави. Била, објаснува мајка и, единствено девојче во селото, а кога не си играла со момчињата вежбала математика, па набргу почнала да оди на натпревари. Успеала да се запише во гимназијата во Риека, а кон крајот на трета година дознала за програмата за студентска размена во САД. Се пријавила, сама нашла семејство каде што ќе престојува, извадила виза и добила стипендија. Се запишала во средното училиште во Лос Аламос, во американската држава Њу Мексико.
Кога се вратила од Америка добро поткована со знаење на англискиот и шпанскиот јазик се запишува на Филозофскиот факултет да изучува англиски, шпански јазик и литература.
За време на студиите живеела во студентски дом, но кога собрала доволно хонорар од преводи и предавања во приватните школи за странски јазици, Колинда изнајмила сопствен стан. Набргу се вработува во министерството за наука и технологија.

 10906512_795203290546632_677115382935554580_n
-Првата работа ми беше секретарска, но истиот ден морав да ги преземем и работите на помошничката на министерот која отиде на породилно отсуство. Во тоа време имав уште шест испити до крајот на студиите, а се сеќавам дека првата плата ми беше 95 тогашни марки, открива Грабар Китаровиќ за „Јутарњи лист“.
Бргу напредувала, па во 1993 година стигнала во Министерството за надворешни работи, додека Мате Граниќ бил министер. Колинда во министерството всушност ја донел Иво Санадер кој тогаш бил заменик на Граниќ и се раскажува дека многу ја ценел поради вредноста упорноста и послушноста. Набргу станала началник на Одделението за Северна Америка и од тој миг почнува нејзината потесна соработка со Санадер.
Колку и да се трудатѕ денеска нејзините политички противници да и замерат дека била миленичка на Санадер и дел од неговата коруптивна Влада, таа секогаш вели дека „ се тргнала од него на време“.
Грабар Китаровиќ е во НАТО од јули 2011 каде ја извршува должноста на помошник за јавна дипломатија на главниот секретар Андерс Фог Расмунсен, а иако тоа на почетокот и била позитивна референца, во кампањата тоа стана стега околу вратот поради нејасниот статус на замрзнување и неоткривање на примањето во НАТО. Меѓутоа од 2012 се шпекулираше за нејзина кандидатура за претседател на Хрватска. Томислав Крамарко често комуницираше со неа. Грабар Китаровиќ веднаш не се согласи да влезе во трката, малку и поради мандатот во НАТО, а малку и поради настаните во ХДЗ.
Како и да е првата претседателка во историјата на Хрватска освои 50,74 проценти од гласовите, додека на претседателот во заминување доверба му дадоа 49,26 проценти од гласачите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top