Наша позната поп-пејачка пред неколку дена била фатена како краде гардероба во еден познат бренд во Г.Т.Центар во Скопје, објави порталот „Либертас“. Пејачката во соблекувалната зела неколку парчиња гардероба и со помош на ножички ги извадила алармите. Извори на Либеретас велат дека на една од продавачките и паднало сомнително однесувањето на младата пејачка и веднаш го алармирала обезбедувањето. Кога и побарале на пејачката да ја отвори чантата имале што да видат.Во неа имало пет-шест блузи,а во соблекувалната на земја биле фрлени округлите алармни уреди.
-Јас бев изненадена од девојката.Ја препознав од телевизија и од весниците.Таа беше цела вцрвенета и се тресеше.Не молеше да не кажуваме.На мобилен ја викна мајка и која веднаш дојде и си ја платија оштетата.Ние вработените бевме исто така во шок од пејачката, вели нашиот извор.
Младата поп-пејачка пред некое време го промовираше новиот спот и песна,а во шоубиз круговите важи за дама која носи исклучиво брендирана гардероба потпишана од дизајнери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Грк украл врв од столб од Акропол
-
Милионска кражба во Македонија: Обиен сеф на приватна фирма
-
Фатил жена во кражба: Кога ги видел нејзините деца наместо да ја уапси направил нешто неверојатно(видео)
-
Крадците го опустошија градот повеќе од ураганот: Група луѓе влегуваат по маркети и носат што ќе најдат(видео)