Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска во проштална средба го прими амбасадорот на Соединетите Американски Држави Пол Волерс.
На средбата, како што соопшти кабинетот на Иванов, двајцата соговорници изразиле задоволство од одличните билатерални односи и од долгогодишното стратешко партнерство меѓу Република Македонија и САД.
Претседателот Иванов изразил благодарност за досегашниот придонес и ангажман на амбасадорот Волерс во унапредување на билатералните односи и интензивирање на соработката меѓу двете земји и искажал очекување дека продлабочувањето на политичкиот дијалог и соработката во сите сфери од заеднички интерес ќе продолжи и во иднина.
Македонскиот претседател се заблагодарил за постојаната и силна поддршка што САД ја даваат во однос на реализирањето на македонските евро-атлантски интеграции, членството во ЕУ и во НАТО.
Амбасадорот Волерс, изразил задоволство од вршењето на дипломатската функција во земјава и искажал благодарност за поддршката од сите институции во Република Македонија. Тој додал дека САД ќе продолжат да ги поддржуваат евро-атлантските аспирации на Република Македонија, и дека неговата земја ќе продолжи да ги негува пријателството и партнерството со Република Македонија.
Заблагодарувајќи се за досегашниот ангажман и добрата соработка, претседателот Иванов на амбасадорот Волерс му посакал успех во натамошната работа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кабинет на Иванов: Претседателот ќе се обрати пред Парламентот!
-
Иванов: Албанскиот јазик е важен дел од македонското мултиетничко и мултијазично општество
-
Иванов го честиташе 11 Октомври: Достојно и гордо да го чуваме ова парче земја бидејќи тоа е сè што имаме
-
Иванов во Њу Џерси: Конечната одговорност е на македонските граѓани


