| четврток, 6 декември 2018 |

Ќосески: Посредникот Нимиц има што да му каже на Советот за безбедност

Зо­ран Ќо­се­ски во да­леч­на­та Ав­стра­ли­ја за­ми­нал ка­ко де­те уште во 1970 го­ди­на. Во Перт за­вр­шил ос­нов­но, сред­но и ви­со­ко обра­зо­ва­ние, а на кон­ти­нен­тот ва­жи за еден од нај­по­чи­ту­ва­ни­те Ма­ке­дон­ци. Тој е дол­го­го­ди­шен акти­вист на ма­ке­дон­ска­та за­ед­ни­ца, а по­ра­ди сво­ја­та актив­ност од 2007 го­ди­на е по­че­сен кон­зул на Ма­ке­до­ни­ја во ав­стра­ли­ска­та фе­де­рал­на др­жа­ва За­пад­на Ав­стра­ли­ја

Вие сте еден од оние јав­ни лич­но­сти што ин­си­сти­ра­ат де­ка Ма­ке­до­ни­ја не смее да на­пра­ви ни­ка­ков ком­про­мис за име­то, ком­про­мис ка­ков што се на­ла­га од Гр­ци­ја и од дру­ги зем­ји. Кој е спо­ред вас ком­про­ми­сот што мо­же да го на­пра­ви Ма­ке­до­ни­ја? Не­кои ма­ке­дон­ски јав­ни лич­но­сти сме­та­ат де­ка тре­ба да би­дат пре­ки­на­ти пре­го­во­ри­те за име­то во рам­ки на ОН.
ЌО­СЕ­СКИ: Во 1991-1992 го­ди­на Гр­ци­ја до­ста­ви три за­бе­ле­шки до свет­ска­та јав­ност ка­ко при­чи­ни за не­приз­на­ва­ње на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја ка­ко са­мо­стој­на др­жа­ва: 1. Про­ме­на на име­то, зна­ме­то и Уста­вот би­деј­ќи, спо­ред нив, со тие три точ­ки ќе се за­шти­тел те­ри­то­ри­јал­ни­от ин­те­гри­тет на нив­на­та др­жа­ва. Ме­не ме чу­ди ка­ко ед­на др­жа­ва што е член­ка на нај­го­ле­ма­та во­е­на али­јан­са во све­тот и член­ка на ед­на од нај­го­ле­ми­те еко­ном­ски за­ед­ни­ци во све­тот се пла­ши од Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја. Спо­ред таа ло­ги­ка, си раз­мис­лу­вам и си по­ста­ву­вам те­шко пра­ша­ње, а тоа е да­ли на­ви­сти­на по­стои за­гри­же­ност од ре­ал­на за­ка­на за Гр­ци­ја или, пак, ста­ну­ва збор за, ка­ко што ние Ма­ке­дон­ци­те го на­ре­ку­ва­ме, ина­ет на Гр­ци­ја да го прет­ста­ву­ва ова ка­ко проб­лем на ме­ѓу­на­род­на­та сце­на са­мо за­тоа што мо­же, са­ка и има кој да ја слу­ша. Од дру­га стра­на, Ме­Ѓу­на­род­ни­от суд за прав­да во Хаг до­не­се мно­гу зна­чај­но ре­ше­ние со кое по­твр­ди де­ка име­то Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја не имп­ли­ци­ра ни­ка­кви те­ри­то­ри­јал­ни пре­тен­зии. Впро­чем, на 5 де­кем­ври 2011 го­ди­на Ме­ѓу­на­род­ни­от суд на прав­да­та, кое е те­ло на Обе­ди­не­ти­те на­ции, до­не­се ре­ше­ни­ја спо­ред кои Хе­лен­ска­та Ре­пуб­ли­ка го пре­кр­ши­ла чле­нот 11 од При­вре­ме­на­та спо­год­ба од сеп­тем­ври 1995 го­ди­на со тоа што ста­ви ве­то за при­ем на Ма­ке­до­ни­ја во НА­ТО. Свет­ски­те ана­ли­ти­ча­ри по­твр­ду­ва­ат де­ка ако ед­на зем­ја има те­ри­то­ри­јал­ни пре­тен­зии, таа ќе ги има без раз­ли­ка ка­ко се ви­ка и јас не гле­дам ло­ги­ка во ар­гу­мен­тот де­ка про­ме­на на име­то на ед­на др­жа­ва би зна­че­ло за­шти­та на те­ри­то­ри­јал­ни­от ин­те­гри­тет на дру­га др­жа­ва. А, во овој слу­чај, не са­мо што Гр­ци­ја е су­пер­во­е­на и еко­ном­ска си­ла спре­ма Ма­ке­до­ни­ја, таа е и член­ка на НА­ТО и на Европ­ска­та уни­ја, со што ѝ се га­ран­ти­ра те­ри­то­ри­јал­ни­от ин­те­гри­тет.

Па­ра­до­ксот на це­ли­от ар­гу­мент, по сѐ изг­ле­да, е во изре­ка­та на пи­са­те­лот Џорџ Бер­нард Шо: „Пра­ви ка­ко што јас ти ве­лам, а не ка­ко што јас пра­вам“. Не­јас­но е зо­што ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца, а осо­бе­но САД и ЕУ, за свои по­ли­тич­ки це­ли на­мер­но из­би­ра да го иг­но­ри­ра ре­ше­ни­е­то на Ме­ѓу­на­род­ни­от суд на прав­да­та. Тоа е го­лем срам за таа ме­ѓу­на­род­на за­ед­ни­ца за­тоа што, од ед­на стра­на, таа во си­те из­ве­штаи му по­све­ту­ва го­ле­мо зна­че­ње на вла­де­е­ње­то на пра­во во Ма­ке­до­ни­ја, но, од дру­га стра­на, го иг­но­ри­ра суд­ско­то ре­ше­ние на Ме­ѓу­на­род­ни­от суд на прав­да­та. Уште по­го­лем срам е тоа што по­ве­ќе­то член­ки на Обе­ди­не­ти­те на­ции, не­ка­де око­лу 130 др­жа­ви, ме­ѓу кои САД, Ру­си­ја, Ки­на, Ин­ди­ја, Ве­ли­ка Бри­та­ни­ја, Ка­на­да, Ун­га­ри­ја итн., нѐ приз­на­ва­ат под на­ше­то устав­но име. Не гле­дам што ло­шо ѝ се слу­чи­ло на Гр­ци­ја во из­ми­на­ти­те 23 го­ди­ни со тоа што по­го­ле­ми­от де­ла од др­жа­ви­те во све­тот нѐ приз­на­ва­ат ка­ко Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја.

Европ­ска­та уни­ја не е ком­пе­тент­на да ѝ по­мог­не на Ма­ке­до­ни­ја во сво­и­те евро­ат­лант­ски ин­те­гра­ции за­тоа што са­ма­та не си ги сле­ди сво­и­те прин­ци­пи и пра­ви­ла, од­нос­но ре­тки се др­жа­ви­те во Евро­па што мис­лат европ­ски. Пр­во си ги гле­да­ат сво­и­те ди­рект­ни ин­те­ре­си, на при­мер, се­кој е пр­во Гер­ма­нец, Бри­та­нец, Фран­цу­зин итн., па по­тоа е Евро­пе­ец. САД се единс­тве­на­та свет­ска си­ла што мо­же, се­ка­ко ако са­ка, да ѝ по­мог­не на Ма­ке­до­ни­ја во евро­ат­лант­ски­те ин­те­гра­ции, а осо­бе­но за членс­тво­то во НА­ТО. Ако го пог­лед­не­ме веб-сај­тот на НА­ТО, се­ка­де пи­шу­ва де­ка Тур­ци­ја ја приз­на­ва Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја под сво­е­то устав­но име, а ме чу­ди зо­што не се пи­шу­ва­ат и ими­ња­та на дру­ги­те член­ки на НА­ТО што го приз­на­ва­ат устав­но­то име на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја. Ме­ѓу кои се на­о­ѓа­ат САД, Ве­ли­ка Бри­та­ни­ја, Ка­на­да, Бу­га­ри­ја, Ун­га­ри­ја, Хр­ват­ска, Пол­ска итн. Ако пог­лед­не­ме на­зад во до­се­гаш­ни­те по­стап­ки на НА­ТО, по­сто­јат до­бри при­ме­ри во кои не­ма­ло це­ло­сен кон­сен­зус од си­те член­ки за не­кои ак­ции на НА­ТО, но, се­пак, САД из­дејс­тву­ва­ле тие ак­ции да би­дат под кри­ло­то на НА­ТО.

При­чи­ни­те што ги на­ве­ду­ва Гр­ци­ја, де­ка всуш­ност име­то прет­ста­ву­ва те­ри­то­ри­јал­на пре­тен­зи­ја кон Гр­ци­ја, не се ни­што по­ве­ќе од па­ра­ван-ар­гу­мент со кој се твр­ди де­ка збо­рот Ма­ке­до­ни­ја бил грч­ки, а мо­јот од­го­вор на тоа е де­ка збо­рот Ма­ке­до­ни­ја не мо­же да е грч­ки за­тоа што са­ми­от збор Greece и Greek се анг­ли­ски збо­ро­ви. Тие си ја ви­ка­ат сво­ја­та зем­ја Ела­да и Елас. Друг ап­сур­ден ар­гу­мент е де­ка Ма­ке­до­ни­ја би­ла грч­ка во пос­лед­ни­те 3.000 го­ди­ни. Тоа е ин­те­рес­но твр­де­ње од т.н. лул­ка на де­мо­кра­ти­ја­та би­деј­ќи го иг­но­ри­ра фа­ктот де­ка во ан­тич­ки­от свет не по­сто­е­ла др­жа­ва под име­то Гр­ци­ја, по­сто­е­ло ма­ке­дон­ско кралс­тво со свои кра­ло­ви и гра­до­ви-др­жа­ви око­лу Ати­на кои ни­ка­де не се на­ре­ку­ва­ле Гр­ци­ја. По па­дот на Ви­зан­ти­ја, па до Ото­ман­ска­та им­пе­ри­ја во 1453 го­ди­на, го­лем дел од тоа што де­нес се на­ре­ку­ва Гр­ци­ја бил под ос­ман­ли­ска власт, што тра­е­ло до 1821 го­ди­на. Ду­ри во 1912 го­ди­на, за вре­ме на Бал­кан­ски­те вој­ни, Гр­ци­ја со упо­тре­ба на во­е­на си­ла ус­пеа да при­свои дел од исто­ри­ска Ма­ке­до­ни­ја, ко­ја би­ла дел од Ото­ман­ска­та им­пе­ри­ја. По­сред­ни­кот Мет­ју Ни­миц мо­же да се по­ви­ка на ед­на ста­ти­ја об­ја­ве­на во 2003 го­ди­на од то­гаш­ни­от ли­дер на опо­зи­ци­ја­та и се­га­шен бри­тан­ски пре­ми­ер, г. Деј­вид Ка­ме­рон, кој во вес­ни­кот „Гар­ди­јан“ мно­гу уба­во го на­пи­шал след­но­во: „Тоа не бе­ше лес­но. При­чи­на­та за дол­го­то име е тоа што Гр­ци­те ве­лат де­ка Ма­ке­до­ни­ја по­стои ка­ко ре­ги­он во Гр­ци­ја и по­ра­ди тоа енер­гич­но се про­ти­ват на по­сто­е­ње од­дел­на др­жа­ва со исто та­кво име. Тоа изг­ле­да ек­стрем­но су­ро­во. Гр­ци­те има­ат сво­ја зем­ја, свое име и се „ту­ши­ра­ат“ со фи­нан­си­ска по­мош отка­ко вле­гоа во ЕУ. Овие лу­ѓе – Ма­ке­дон­ци­те – не­о­дам­на по­бег­наа од ко­му­низ­мот и пра­ктич­но не­ма­ат ни­што. И, ка­ко да не е до­вол­но грч­ко­то сит­ни­чарс­тво, Ал­бан­ци­те са­ка­ат да при­сво­јат го­лем дел од ПЈР Ма­ке­до­ни­ја за фор­ми­ра­ње Го­ле­ма Ал­ба­ни­ја, до­де­ка Бу­га­ри­те гле­да­ат на зем­ја­та ка­ко на дел од Го­ле­ма Бу­га­ри­ја. Се­пак, кол­ку што мо­жам да ви­дам, зем­ја­та – за ко­ја сум од­лу­чен да ја на­ре­ку­вам Ма­ке­до­ни­ја – има со­вр­ше­но пра­во да по­стои. На­се­ле­ни­е­то е пре­теж­но ма­ке­дон­ско, со спе­ци­фи­чен ја­зик, кул­ту­ра и исто­ри­ја. Тоа е по­си­ро­маш­но од не­кои дру­ги­те по­ра­неш­ни ју­гос­ло­вен­ски ре­пуб­ли­ки, но зна­чи­тел­но по­бо­га­то од Ал­ба­ни­ја. Лу­ѓе­то се ци­ви­ли­зи­ра­ни, при­ја­тел­ски на­стро­е­ни и ви­со­ко обра­зо­ва­ни. Ду­ри и мо­јот во­дич има­ше ма­ги­стра­ту­ра. Се­ко­гаш е те­шко да се да­де од­го­вор на пра­ша­ње­то што ќе на­пра­ви­те за да ни по­мог­не­те. Но, во оваа при­ли­ка, имам од­го­вор. Отсе­га, па на­та­му на­ши­от це­нет ЕУ-парт­нер ќе го на­ре­ку­ва­ме по­ра­неш­на ото­ман­ска те­ри­то­ри­ја Гр­ци­ја.

 

Zoran-Kjoseski-int123-2

 

Сме­та­те ли де­ка Ма­ке­до­ни­ја тре­ба да се оби­де да го ре­ши проб­ле­мот со ди­рект­но пла­си­ра­ње на спо­рот пред ОН, од­нос­но пред Ге­не­рал­но­то со­бра­ние, ка­де што спо­ред не­кои струч­ња­ци зем­ја­та би мо­же­ла да се при­ја­ви со сво­е­то устав­но име и за тоа да до­бие под­др­шка од мно­зинс­тво­то член­ки на свет­ска­та ор­га­ни­за­ци­ја?
ЌО­СЕ­СКИ: Дла­бо­ко сум убе­ден де­ка е вре­ме ам­ба­са­до­рот на Обе­ди­не­ти­те на­ции, Мет­ју Ни­миц, да го из­ве­сти Со­ве­тот за без­бед­ност де­ка си­те три грч­ки за­бе­ле­шки за нив­на­та та­ка­на­ре­че­на без­бед­ност се ве­ќе аде­кват­но адре­си­ра­ни од стра­на на Ма­ке­до­ни­ја и де­ка не­ма за што да се раз­го­ва­ра би­деј­ќи, ка­ко што ве­лат во анг­ли­ски­те зем­ји, „Both sides agree to disagree“, од­нос­но две­те стра­ни се сог­ла­су­ва­ат да не се сог­ла­су­ва­ат за пра­ша­ње­то по­вр­за­но со на­ши­от иден­ти­тет. Но, од дру­га стра­на, ќе мо­ра да се истак­не де­ка нај­го­ле­ми­те ин­ве­сти­то­ри во Ма­ке­до­ни­ја се Гр­ци­те и де­ка најм­но­гу­број­ни ту­ри­сти во се­вер­на Гр­ци­ја се Ма­ке­дон­ци­те од Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја, што зна­чи де­ка тр­гов­ско-еко­ном­ски­те од­но­си се од­лич­ни.

Тре­ба да би­де­ме ре­ал­ни де­ка за та­ков по­тег ќе мо­ра да има по­ли­тич­ка вол­ја од стра­на на САД, кои, ве­ру­вам, ве­ќе има­ат сфа­те­но де­ка ако Ма­ке­до­ни­ја го про­ме­ни име­то, тоа ќе ги отво­ри дру­ги­те бал­кан­ски апе­ти­ти со кои би се до­не­ла де­ста­би­ли­за­ци­ја во ре­ги­о­нот, кој е зна­ча­ен не са­мо за европ­ски­те ин­те­ре­си, ту­ку и за ин­те­ре­си­те на САД.  Јас мис­лам де­ка е вре­ме ам­ба­са­до­рот Ни­миц да го со­ве­ту­ва Со­ве­тот за без­бед­ност на ОН за след­ни­ве фа­кти:

  • Од 1991 го­ди­на, па до­се­га не­ма­ло без­бед­нос­на за­ка­на за Гр­ци­ја од стра­на на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја, ни­ту, пак, во вре­ме­то ко­га Со­ци­ја­ли­стич­ка Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја бе­ше дел од Со­ци­ја­ли­стич­ка Фе­де­ра­тив­на Ре­пуб­ли­ка Ју­гос­ла­ви­ја.
  • По­го­ле­мо­то мно­зинс­тво на зем­ји­те-член­ки на Обе­ди­не­ти­те на­ции го при­фа­ти­ја име­то на др­жа­ва­та ка­ко Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја.
  • По­сто­јат мно­гу дру­ги би­ла­те­рал­ни проб­ле­ми во све­тот, но тие не се ко­ри­стат ка­ко из­го­вор за бло­ки­ра­ње на вле­зот на ед­на зем­ја во дру­ги ме­ѓу­на­род­ни те­ла.
  • Ма­ке­до­ни­ја и Гр­ци­ја се сог­ла­су­ва­ат де­ка не се сог­ла­су­ва­ат за пра­ша­ње­то на ма­ке­дон­ски­от иден­ти­тет.
  • Еко­ном­ски­те и тр­гов­ски­те од­но­си ме­ѓу Ма­ке­до­ни­ја и Гр­ци­ја се од­лич­ни, а Гр­ци­ја е нај­го­ле­ми­от стран­ски ин­ве­сти­тор во Ма­ке­до­ни­ја, а Ма­ке­дон­ци­те се најм­но­гу­број­ни ту­ри­сти во се­вер­на Гр­ци­ја.
  • По­сред­ни­кот мо­же да се по­ви­ка и на ин­терв­ју­то об­ја­ве­но во вес­ни­кот „Фај­неншл тајмс“ на 4 ју­ли 2007 го­ди­на од стра­на на то­гаш­на­та грч­ка ам­ба­са­дор­ка во Ма­ке­до­ни­ја, До­ра Гро­со­ма­ни­доу, ко­ја ре­че де­ка Гр­ци­ја мо­ра да ја приз­нае ре­ал­ност во вр­ска со Ма­ке­до­ни­ја.

 

На што се дол­жи фа­ктот што ди­јас­по­ра­та е таа што е нај­ра­ди­кал­на во оби­дот да се за­чу­ва устав­но­то име, ду­ри и по це­на Ма­ке­до­ни­ја да не ста­не член­ка на НА­ТО и на ЕУ по­ра­ди грч­ко­то ве­то?
ЌО­СЕ­СКИ: Пред сѐ, ма­ке­дон­ско­то исе­ле­ниш­тво ди­ши за­ед­но со сво­ја­та ду­хов­на та­тко­ви­на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја. Поз­на­то е де­ка во све­тот де­нес жи­ве­ат по­ве­ќе ил­ја­ди на­ро­ди со свои по­себ­ни ет­нич­ки обе­леж­ја, од кои са­мо 87 раз­ни на­ро­ди жи­ве­ат во 50 европ­ски др­жа­ви, зна­чи си­те на­ро­ди во све­тот не­ма­ат сво­ја др­жа­ва, а ние Ма­ке­дон­ци­те има­ме сво­ја др­жа­ва со ко­ја се­кој Ма­ке­до­нец се гор­дее. Да ве по­тсе­там на исто­ри­ски­от факт де­ка ние Ма­ке­дон­ци­те ко­га не­мав­ме сво­ја др­жа­ва не се пре­да­дов­ме, а зо­што да се пре­да­де­ме де­нес ко­га има­ме сво­ја др­жа­ва со си­те атри­бу­ти? Ако во 19 век по­сто­е­ло та­ка­на­ре­че­но ма­ке­дон­ско пра­ша­ње, де­нес по­стои и ма­ке­дон­ски од­го­вор на тоа пра­ша­ње.

 

Zoran-Kjoseski-int123-3

 

Ма­ке­до­ни­ја има мно­гу­број­на ди­јас­по­ра ко­ја по­ма­га кол­ку што мо­же, но ако се спо­ре­ди со грч­ка­та, срп­ска­та, ер­мен­ска­та и ни­за дру­ги на­ро­ди слич­ни на нас, ќе се за­бе­ле­жи де­ка има про­стор за по­го­ле­ми вр­ски во смис­ла на по­ли­тич­ка, па ду­ри и еко­ном­ска по­мош. Ма­ке­дон­ци­те во све­тот те­шко се ре­ша­ва­ат да ин­ве­сти­ра­ат во зем­ја­та ду­ри и се­га ко­га ни­за свет­ски поз­на­ти ком­па­нии се ре­ши­ја на тој че­кор прив­ле­че­ни од до­бри­те ин­ве­сти­ци­ски па­ке­ти што ги ну­ди Вла­да­та на РМ. Ка­ко од пре­ку оке­а­нот се гле­да на со­стој­ба­та во Ма­ке­до­ни­ја. Кол­ку­ми­на од на­ши­те со­на­род­ни­ци, на при­мер, се вра­ќа­ат до­ма за да про­дол­жат да ра­бо­тат во род­на­та зем­ја?
ЌО­СЕ­СКИ: Де­нес во исе­ле­ниш­тво има­ме ус­пеш­ни Ма­ке­дон­ци на си­те по­ли­ња, а тие исто­вре­ме­но се и на­ши нај­до­бри ам­ба­са­до­ри на ма­ке­дон­ско­то би­тие во све­тот. Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја мо­ра да про­дол­жи со сво­јот ан­гаж­ман пре­ку си­те над­леж­ни др­жав­ни ин­сти­ту­ции за ин­тен­зи­ви­ра­ње на вр­ски­те со Ма­ке­дон­ци­те во исе­ле­ниш­тво кои ве­ќе нав­ле­гу­ва­ат во вто­ра и тре­та ге­не­ра­ци­ја ро­де­ни не са­мо во исе­ле­ниш­тво, ту­ку и во мош­не раз­ви­е­ни за­пад­ни зем­ји.

Ако се разг­ле­да­ат фа­кти­те од На­род­на бан­ка на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја, стран­ски­от ка­пи­тал од са­мо­то исе­ле­ниш­тво е мно­гу зна­ча­ен. Во тие рам­ки мо­ра да се зе­мат пред­вид и ту­ри­стич­ки­те по­се­ти на Ма­ке­до­ни­ја од сво­и­те исе­ле­ни­ци, на при­мер са­мо од Ав­стра­ли­ја око­лу 14 ил­ја­ди ту­ри­сти го­диш­но ја по­се­ту­ва­ат Ма­ке­до­ни­ја. Тоа, се­пак, е си­лен при­до­нес во ма­ке­дон­ска­та ту­ри­стич­ка ин­ду­стри­ја.

Во Ма­ке­до­ни­ја има до­бри при­ме­ри на еко­ном­ско вло­жу­ва­ње од исе­ле­ни­ци, осо­бе­но во хо­те­ли­ерс­тво­то и во уго­сти­тел­ски­те об­је­кти во Би­то­ла, Охрид и во Ка­ва­дар­ци.

По­сто­јат и до­бри при­ме­ри на со­ра­бо­тка со ма­ке­дон­ски ком­па­нии, на при­мер, „Ви­та­мин­ка“ од При­леп, „Ти­квеш“ и дру­ги, кои из­ве­зу­ва­ат на ав­стра­ли­ски­от па­зар.

Ги по­ви­ку­вам си­те Ма­ке­дон­ци во исе­ле­ниш­тво што има­ат свој ви­зии и идеи за прод­ла­бо­чу­ва­ње на таа со­ра­бо­тка да кон­та­кти­ра­ат со сво­и­те пра­те­ни­ци во ма­ке­дон­ско­то со­бра­ние и да го раз­ра­бо­тат тоа пра­ша­ње во пол­за на ма­ке­дон­ска­та ка­у­за.

 

На кон­ти­нен­тот ка­де што Вие сте по­че­сен кон­зул на РМ со де­це­нии се слу­чу­ва ед­на срам­на по­дел­ба ме­ѓу Ма­ке­дон­ци­те по­ра­ди цр­ков­ни, по­точ­но по­ра­ди фи­нан­си­ски и имот­ни при­чи­ни. Ка­ко дој­де до тоа на суд­ски про­це­си да се по­тро­шат ре­чи­си де­сет ми­ли­о­ни до­ла­ри, кои мо­жеа, на при­мер, во Ма­ке­до­ни­ја да по­мог­нат во отво­ра­ње ра­бот­ни ме­ста или друг вид по­мош? По­стои ли шан­са да се сми­рат стра­сти­те во Ав­стра­ли­ја ме­ѓу МПЦ-ОА и гру­па­та што не при­фа­ќа да би­де под ју­рис­дик­ци­ја на ми­тро­по­ли­тот Пе­тар.
ЌО­СЕ­СКИ: Пр­во, тре­ба да сфа­ти­ме де­ка во Ав­стра­ли­ја ва­жат ав­стра­ли­ски­те за­ко­ни и спо­ред тоа за прав­но тол­ку­ва­ње на ова пра­ша­ње тре­ба да се по­ба­ра мис­ле­ње од прав­ник, а за цр­ков­но ви­ду­ва­ње на ова пра­ша­ње тре­ба да се по­ба­ра мис­ле­ње од цр­ков­но ли­це на Ма­ке­дон­ска­та пра­вос­лав­на цр­ква, но ед­но е јас­но, без раз­ли­ка на сво­е­то ви­ду­ва­ње, си­те што се ин­вол­ви­ра­ни се Ма­ке­дон­ци и ние ка­ко др­жа­ва не­ма­ме на­род за фр­ла­ње, во нас ин­те­рес, ка­ко др­жа­ва и ка­ко на­род, е да има мир и раз­би­ра­ње во ма­ке­дон­ска­та за­ед­ни­ца.

Проб­ле­мот мо­ра да се ре­ши и кол­ку што знам МПЦ вло­жу­ва ма­кси­мал­ни на­по­ри за да се над­ми­нат си­те суд­ски спо­ро­ви во Ав­стра­ли­ја, со што би се вра­ти­ла хар­мо­ни­ја­та во ма­ке­дон­ска­та за­ед­ни­ца и таа енер­ги­ја да се упо­тре­би за по­зи­тив­но уна­пре­ду­ва­ње на на­ши­те др­жав­ни ин­те­ре­си со сил­на ма­ке­дон­ска за­ед­ни­ца во Ав­стра­ли­ја.

Се на­де­вам де­ка не е да­ле­ку крај­но­то ре­ше­ние за овој проб­лем, кој по­ве­ќе од 20 го­ди­ни не­га­тив­но ја оп­то­ва­ру­ва ма­ке­дон­ска­та за­ед­ни­ца во Ав­стра­ли­ја. Чо­веч­ки е да се гре­ши, но хри­сти­јан­ски е да се про­сти и да се трг­не на­пред за до­бро­то на ма­ке­дон­ска­та ка­у­за.

 

Кол­ка­ви се ре­ал­но шан­си­те Ав­стра­ли­ја да ја приз­нае РМ под устав­но­то име или, ка­ко што ве­лат не­кои од на­шин­ци­те та­му, пр­во тре­ба да по­че­ка­ме Ав­стра­ли­ја да ста­не не­за­вис­на од Ве­ли­ка Бри­та­ни­ја.
ЌО­СЕ­СКИ: Ав­стра­ли­ја, за жал, е ед­на од ре­тки­те зем­ји што сѐ уште Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја ја приз­на­ва под на­вред­ли­ва­та ре­фе­рен­ца ФИ­РОМ. Но, ако пог­лед­не­ме мал­ку под­ла­бо­ко, ав­стра­ли­ска­та вла­да го фи­нан­си­ра др­жав­но­то ра­дио СБС, кое ре­дов­но еми­ту­ва про­гра­ми на ма­ке­дон­ски ја­зик, исто та­ка СБС ТВ го ре­е­ми­ту­ва днев­ни­кот на МРТ се­кој ден на ма­ке­дон­ски ја­зик, на кој јас­но пи­шу­ва де­ка е од Ма­ке­до­ни­ја. Ав­стра­ли­ска­та вла­да го фи­нан­си­ра до­се­га нај­го­ле­ми­от анг­ли­ско-ма­ке­дон­ски реч­ник во из­да­ние на ав­стра­ли­ски­от На­ци­о­на­лен уни­вер­зи­тет итн. Мно­гу­број­ни др­жав­ни ин­сти­ту­ции об­ја­ву­ва­ат ин­фор­ма­ции на ма­ке­дон­ски ја­зик, та­ка што од таа глед­на точ­ка ма­ке­дон­ска­та за­ед­ни­ца е ви­со­ко це­не­та од стра­на на ав­стра­ли­ска­та вла­да.

Во из­ми­на­ти­от пер­и­од, спо­ред мое соз­на­ние, ав­стра­ли­ски по­ли­ти­ча­ри ја има­ат по­се­те­но Ма­ке­до­ни­ја по­ве­ќе од ко­ја би­ло зем­ја во ре­ги­о­нот и ако ги ви­ди­те нив­ни­те го­во­ри и обра­ќа­ња, се­ка­де се упо­тре­бу­ва на­ше­то устав­но име.

Дла­бо­ко сум убе­ден де­ка е пра­ша­ње на вре­ме, а не да­ли Ав­стра­ли­ја ќе им се при­дру­жи на дру­ги­те 128 др­жа­ви во све­тот што нѐ приз­на­ва­ат под устав­но­то име, ме­ѓу кои се САД, Ве­ли­ка Бри­та­ни­ја, Ка­на­да, Ки­на, Ма­ле­зи­ја, Ру­си­ја, Ин­до­не­зи­ја итн.

 

Разговараше: Горан Момироски
(Интервјуто со Зоран Ќосески е објавено во 123. број на неделникот Република, 9.01.2015)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top