Италија прави чекори за забрана за пушење на јавни места, како паркови, плажи и стадиони, а на актерите може да им биде забрането да запалат на ТВ-сетови, пренесува „Макфакс“.
Десет години по стапување во сила на забраната за пушење во затврени простории, италијаскиот министер за здравство, Беатрис Лоренцин, вели дека забраната ќе се проширува.
На луѓето може да им биде забрането пушење во автомобилите, особено ако има деца во колата, јавува „Ла Републиак“.
„Рестрикциите ќе се прошират. Ќе почнеме со филмовите и автомобилите во кои има деца, а потоа ќе поставиме и нови мерки. Сѐ уште сме во фаза на истражување и секако за ова ќе има дебата – вели Лоренцин.
На 10 јануари 2005 година, Италија стана третата земја во Европа, по Ирска и Норвешка, која забрани пушење во затворени јавни простории, вклучително барови, кафеани и ноќни клубови.
Потегот не беше добро прифатен, но од тогаш бојот на пушачи во Италија се намлил од 23,8 на 19,5 проценти.
Земјата го забрани пушењето во училиштата, а цигари не смее да се продаваат на лица помали од 18 години.
Во моментот има 11 милиони пушачи во Италија, а 72.000 смртни случаи годишно се поврзани со пушењето, според истражувањата на Универзитетот од Турин.
Исто така, 15 проценти од сообрќајките се направени додека возачот пушел.
Според Лоренцин, антипушачките кампањеи треба да се наменети за младите за да се превенира почетокот на пушењето и да разберат дека тоа е порок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.